„СИТЕ, ДРЖЕТЕ ГИ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА НИСКИ“ Трамп испрати гласна и јасна порака до сите „Ја следам ситуацијата“

Објавено во: Економија 24 Јуни, 2025 06:00
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека никој не треба да ги зголемува цените на нафтата и нагласи дека ја следи ситуацијата, и го повика Министерството за енергетика на САД да продолжи со потрагата по сопствени нафтени ресурси.
- Сите, држете ги цените на нафтата ниски. Јас гледам! Не сфаќате дека она што го правите е во корист на непријателот. Не го правете тоа - напиша Трамп на социјалната мрежа Truth, со големи букви.
Во друга објава на истата мрежа, тој се обрати до Министерството за енергетика на САД.
- Дупчете, драги мои, дупчете! И СЕГА - напиша тој.
Во својата порака за цените на нафтата, Трамп ја изрази својата желба овие цени да не се зголемат, поради стравувањата дека тековниот конфликт на Блискиот Исток може да предизвика нивно зголемување, пренесува Танјуг.
За потсетување, големите нафтени компании Eni, BP и Total Energies, кои работат на ирачките нафтени полиња, евакуираа голем број од своите вработени во странство, објави ирачката државна нафтена компанија Басра.
Сепак, нафтените операции во јужните ирачки полиња не се загрозени, со просечен извоз од 3,32 милиони барели дневно, изјавија за Ројтерс двајца претставници на нафтената индустрија.
Мерките се преземени во време кога светот го очекува одговорот на Техеран на американскиот напад врз нуклеарните постројки во Иран, додека конфликтот меѓу Израел и Исламската Република, со која се граничи Ирак, се разгорува.
Ирачката вооружена група Катаиб Хезболах, која е поврзана со Иран, предупреди дека ќе продолжи да ги напаѓа американските трупи во регионот доколку САД интервенираат во конфликтот меѓу Израел и Иран.
Бизпортал.рсМожеби ќе ве интересира
И ОВА ГО ИМА ВО СРБИЈА: Куќа од 120 квадратни метри се продава за 25.000 евра

ФАЛАТ ПРОДАВАЧИ, ЕДУКАТОРИ, СОЦИЈАЛНИ РАБОТНИЦИ: Германија ќе треба да пополни над 700.000 работни места

ПЛАТИТЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ: ССМ објави колкав процент од граѓаните не можат да си дозволат еднонеделен одмор

Главниот преговарач на ЕУ лета за Вашингтон: „Царините на Трамп би нè чинеле 4,4 милијарди долари - дневно“

Бугарија и Македонија заеднички ќе бараат финансирање на прекуграничниот железнички тунел

КАКО БЕЗ ВЛАДИНИТЕ СУБВЕНЦИИ?! На Тесла ѝ се заканува загуба од милијарди долари и стрмен пад на акциите

Најмоќниот банкар штотуку го предупреди Доналд Трамп: „Не се мешај во работата на ФЕД“

Собранието ќе потроши над 52 илјади евра за хотелско сместување низ Македонија
