19 Април, 2024
0.0244

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ЕВРООБВРЗНИЦИ, ДЕВЕТ НА БРОЈ - еве кои министри ги потпишаа, по колку пари собраа и колкави камати платија

Објавено во: Финансии 09 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Министерството за финансии вчера ги расчисти дилемите околу најновата, деветта по ред еврообврзница издадена на меѓународниот пазар, тешка 600 милиони евра. Со оглед на скапите пари поради инфлацијата кои владејат на светските пазари, за неа ќе платиме камата од 6,25 отсто, која е втора по својата висина по онаа од над 9 отсто, платена за еврообврзницата издадена во 2009 година, кога владееше големата светска економска криза.

Ова следува откако Владата донесе одлука да издаде ваква должничка хартија од вредност, утврдувајќи како максимален износ на позајмување 800 милиони евра, што вообичано досега бил и износот на кој се издава еврообврзницта, но овој пат се обезбедија за 200 милиони евра помалку, односно 600 милиони евра.

За парите собрани од еврообвзницата министерот Фатмир Бесими соопшти дека ќе бидат потрошени за отплата на стари долгови, а од нив најголемиот дел отпаѓа на исплата на седумгодишната еврообврзница издадена во 2016 година, на сума од 450 милиони евра, со камата од дополнителни 25 милиони евра.

„Поради доспеаните обврски, деветтата еврообврзница е издадена и покрај затегнатите услови на меѓународните пазари на капитал, за што сведочи и повеќекратното зголемување на референтните каматни стапки од големите централни банки. Купонската каматна стапка од 6,25 отсто на годишно ниво, која денес е постигната, е пониска од пазарните каматни стапки на веќе издадените еврообврзници, со кои во моментов се тргува на меѓународните берзи. Таа е многу пониска и од каматните стапки кои преовладуваа во последните месеци од овој период на енергетска криза, која сѐ уште трае, и кои се движеа над 8 отсто“, велат од Финансии.

Според чуварот на државната каса, Бесими, пристапот бил во услови на скапи финансиски пазари, да не се изврши задолжување за целиот одобрен износ до 800 милиони евра, туку само за износот за враќање на старите долгови. Рочноста на новата еврообврзница е само четири години, при што, потенцираат од Финнсии, интенцијата е да се оди со пократок период на отплата, наместо вообичаениот од седум години, за да се намали годишниот буџетски трошок за каматни плаќања.

Од Финансии соопштија и дека побарувачката за деветтата еврообврзница била 2,5 пати поголема во однос на понудената сума, што ја потврдува довербата на инвеститорите во нашата економија и економски политики.

Фактор сака да потсети на претходните осум еврообврзници што ги има издадено државава, кои министри нив ги потпишаа, по колку пари успеаја да приберат, но и колкави камати платија за направените позајмувања.

Првата еврообврзница беше издаден во 2005 година, а ја потпиша тогашниот прв финансиер, Никола Поповски. Заемот не беше воопшто голем, напротив, само 150 милиони евра, што е и логично во тоа време кога се правеа сосема мали и сега незамисливи буџетски дефицити, а идејата веројатно била да се провери на терен рејтингот на државата за позајмување надвор преку должнички хартии од вредност. Каматата изнесуваше 4,625 отсто со рок на доспевање од десет години, што значи дека парите биле вратени во 2015 година. Со средствата се отплатија претходни долгови кон меѓународни кредитори.

Притиснат од големата финансиска криза која го имаше зафатено светот, а ја погоди и Македонија, првиот министер за финансии на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески беше принуден да ја издаде најскапата еврообврзница досега, во 2009 година. Нејзината камата беше 9,875 отсто, а сумата повторно беше ниска и сега незамислива, 175 милиони евра. А рокот изнесуваше 3,5 години. 

Сопартиецот на Славески и негов наследник на жешкото министерско столче во Финансии, Зоран Ставрески, во 2014 година ја потпиша третата еврообврзница. Тој на меѓународниот финансиски пазар се задолжи сега веќе на позначјна сума од поливина милијарда или прецизно 500 милиони евра, за кои земјава плати годишни камати од 3,975 отсто. Рокот за отплата на оваа еврообврзница беше седум години, или, прецизно, таа беше отплатена во 2021 година. 

Една година подоцна, или во ноември 2015 година, истиот поранешен министер, Ставрески, ја издаде четвртата по ред еврообврзница. Таа тежеше помалку, 270 милиони евра, но затоа имаше повисока камата, од 4,875 отсто. Нејзиниот рок беше пет години, што значи е вратена во 2020 година. Дел од парите тогаш се трошеа за бегалската криза, а дел за враќање на стари долгови. За оваа еврообврзница беше договорен и предвремен откуп на една третина од вредноста.

Во средината на 2016 година, кога земјава беше тресена од голема политичка криза, и беше раководена од техничка Влада која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ја издаде петтата еврообврзница. Тогаш на чело на финансии беше ексминистерот Кирил Миноски, кој потпиша еврообврзница тешка 450 милиони евра, пари за кои требаше да се плати годишна камата од 5,625 отсто. А, нејзиниот рок на доспевање беше токму оваа година, што значи дека со парите земени од вчерашната еврообврзница, практично ќе се врати долгот од еврообврзницата од 2016 година. Тогашниот дополнителен заменик министер за финансии, Кире Наумов се противеше на ова задолжување, но на крајот тоа беше реализирано.

Кога веќе на власт е СДСМ, ако во 2017 година сме одмориле од евообрзници, веќе во 2018 и тоа јануари, со потпис на тогашниот прв финансиер Драган Тевдовски, беше издадена еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од седум години и каматна стапка од 2,75 отсто. „Ова е историски убедливо најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници, како одраз на исклучително високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија, како и поволните услови на меѓународните пазари на капитал“, соопштија тогаш од Финансии.

Во време на најголема ковид криза, кога со земјава владееја карантини и губења на работни места, и кога на челната позиција со ресорот Финансии беше ексминистерката Нина Ангеловска, земјава во мај 2020 година, ја издаде седмата еврообврзница во износ од 700 милиони евра. Рочноста на еврообврзницата е шест години, значи ќе се отплати во 2026 година. Нејзината каматна стапка изнесуваше 3,675 отсто, што, според МФ тогаш, беше втора најниска камата веднаш по еврообврзницата издадена во 2018 година. „Ова ја покажува довербата на инвеститорите во македонската економија и политики, ако се земе предвид дека оваа обврзница се издава во време на ковид кризата“, соопштија тогаш од Финансии.

И, ако некоја камата е навистина многу ниска и најниска од сите досега издадени еврообврзници, или само 1,625 отсто, тоа е онаа на еврообврзницата емитувана во 2021 година, од министерот Фатмир Бесими, кој и сега е на актуелната министерска позиција. Станува збор за осмата еврообврзница која земјава ја издаде во вредност од 700 милиони евра, исто како и претходната, со рочност од 7 години. За неа беше наведено дека ќе се искористи за рефинансирање на третата еврообврзница од 2014 година во вредност од 500 милиони евра, односно дека нето-повлекувањето по основ на оваа еврообврзница е 200 милиони евра.

За минатата година Владата исто така планираше да издаде еврообврзница, па дури и се спомена сума од 900 милиони евра, но потоа потребите од пари за буџетот се премостија со други задопжувања, а како причина за тоа се наведе фактот дека не биле поволни состојбите на меѓуинародниот пазар.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“