18 Април, 2024
0.0331

Сите обиди за филибастеринг во Собранието: Како ќе заврши работата во „домашна атмосфера“ на пратениците

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако беше обелодената дел од содржината на амандманите со кои опозицијата во Собранието се обидува да влијае на носењето на измените на Деловникот со кои се овозможува и онлајн присуство на пратениците кои се заразени на собраниските седници. На предложените измени беа доставени над 3.000 амандмани, дел од тие се на Левица. Дел се чудни и бесмислени како на пример тоа изолираните пратеници за Велигден пред камерата да ставеле бојадисано јајце

„Пратениците се должни да носат пижами при учество на седницата од далечина ако времетрањето на одржување е после 20 часот, стои во еден од амандманите. 

Образложението е дека така треба да се задржи нивото на домашна атмосфера.

Но не е само овој амандман. Левица смета дека ова е таканаречен филибастеринг - во законодавниот процес означува право на неограничена расправа за одредена прашање. Користејќи право на филибастеринг можно е да се одложи или целосно да се спречи гласање за некој закон.  


 

Вчера премиерот Зоран Заев споделувајќи фотографија од еден од амандманите реагираше на овој тип опструкција на работата на Парламентот.

„Еве ја цела апсурдност и нелогичност на блокирањето на Собранието од страна на опозицијата. Еве го односот на Мицкоски и дел од пратениците од опозицијата кои дејствуваат по неговите опасни насоки. Ова е срамна непочит кон македонските граѓани.

Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани, напиша Заев.


На ова одговори лидерот на Левица Димитар Апасиев и рече дека се мешаат баби жаби

Забрчанец, дај бе кажи му на Прајминистеров дека ФИЛИБАСТЕРИНГОТ потекнува од Римското право. А ја баш Римско право предавам, напиша Апасиев.

Измените на деловникот ги предложи претседателот на Собранието Талат Џафери. На владејачкото мнозинство оваа измена му е потребна затоа што со 62 пратеника тешко обезбедува кворум за работа и за гласање на законите во услови кога по неколку пратеници редовно се на лекување или изолација заради коронавирусот. 

Инаку вакви обиди со многу амандмани да се блокира работата на Собранието имаше и порано. Самиот Талат Џафери во 2012 година кога се носеше Законот за бранители 40 дена се јавуваше за збор чиаше поезија или молчеше и така ја блокираше работата на Комисијата за труд и социјална политика. Истата година пратеничката група на СДСМ, тогаш во опозиција, поднесе 1.000 амандмани на предлог буџетот за 2013 година. Оваа блокада заврши со „црниот понеделник“. Кога беше во опозиција ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 19.000 амандмани на Законот за употреба на јазиците.

Филибастеринг имаше и кога се бираше Џафери за претседател на Собранието. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со реплики и со контрареплики кои си ги даваа едни на други и со процедуралани забелешки, речиси еден месец во 2018 година блокираа конститутивната седница за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. Филибастерингот на ВМРО-ДПМНЕ заврши со упад и со насилства во Собранието, во кои беа повредени актуелниот премиер Зоран Заев, пратеници и новинари.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!