29 Септември, 2024
0.0247

СИТЕ ОДГОВОРИ НА ЕДНО МЕСТО: Кол-центар за помош на компаниите и граѓаните

Објавено во: Македонија 06 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Во функција е првиот кол центар за поддршка на бизнисот и на граѓаните за сите економските прашања во услови на справување со кризата. Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе ги добиваат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки. 

Стручен тим на македонски и албански јазик ќе одговара на контакт линијата LIVE Call Center, која е донација од компанијата Ассеко СЕЕ, а работното време е од 8:00 до 17:00 часот од понеделник до петок. Во сабота линијате е отворена од 9:00 до 14:00 часот.

За начинот и користењето на сет-мерките од Владата компаниите и граѓаните ќе може да се јавуваат во кол центарот.

Во продолжение прочитејте какви се мерки донесе Владата:

За да сочуваме што поголем број работни места обезбедуваме финансиска поддршка за компаниите и самостојните вршители на дејност:

- За исплата на плати за месеците април и мај компаниите ќе добиваат 14.500 денари по вработен.
- Овозможено е користење на бескаматни кредити за микро, мали и средни компании.

- Воведуваме субвенционирање на 50% од придонесите на плати на вработените.

- Обезбедуваме исплата на минимална плата за спортските работници и уметниците.

- Обезбедивме финансиска помош за занаетчиите и самостојните вршители на дејност.

Ги олеснивме обврските на компаниите и граѓаните за плаќање на долговите и обврските кон државата:

- Запрена е работата на извршителите до крајот на јуни.

- Создадени се услови за одложување на плаќање на ратите на кредитите за 3 до 6 месеци за што поголемиот дел од банките веќе излегоа со свои понуди.

- Ослободување од плаќање на месечни аконтациите за данок на добивка за април, мај и јуни.

- Намалување на казнената камата за јавни давачки.

- Намалување на законска затезна камата за правни и физички лица.

- Ставена е во мирување давачката за ЗАМП.

- Се запираат стечајните постапки.

За лицата коишто останаа без работа во услови на КОВИД-19 понудени се неколку видови на поддршка:

- Согласно законот за вработување и осигурување во случај на невработеност граѓаните кои останале без работа ќе остварат надоместок преку АВРМ согласно нивните години работен стаж.

- Го прилагодуваме системот на социјална заштита за брз влез на лицата кои останале без работен ангажман и биле дел од неформалната економија со цел да остварат право на гарантирана минимална помош.

За лицата во социјален ризик и корисници на други социјални права донесени се низа мерка: 
- Обезбедуваме дополнителна исплата на енергетски додаток за април и мај на околу 30.000 корисници.

- Продолжува исплата на образованиот додаток за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година, без потврда за редовност во училиште.

- Продолжени се и роковите за поднесување на барањата за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, и за додатоците за трето и четврто дете.

- Ослободување од закуп за социјални станови.

Мерки во делот на платен одмор

- Продолжено е платеното отсуство од работа поради нега и одгледување на новороденче и посвоено дете се до истек на траењето на времените мерки.

- Задолжително користење на годишен одмор во приватен сектор.

- Задолжително користење на годишен одмор во јавен сектор.

Фондови за помош за КОВИД-19

- Формиран е Фонд за туризам за поддршка на туристичките дејности.

- Се формира солидарен Фонд за КОВИД-19.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

„Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење“: Николовски објави видео од автопатот Тетово-Скопје, граѓаните бараат да се работи насекаде

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци