Сите пишуваат за историскиот успех на Македонија на Евровизија
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2019
Медиумите во регионот пишуваат за историскиот успех на Македонија на Евровизија
„Србија даде максимален број поени на Македонија, Тамара Тодевска втора во финалето на Евровизија по гласовите на жирито“, пишува српски Блиц.
„Северна Македонија победува на Евровизија“, е наслов кој се појави во повеќе српски медиуми.
„Тотален пресврт! По гласовите од публиката настана хаос во Израел. Ова е победникот на Евросонгот, Србија го освои 17-то место“, пишува српски Курир.
„Холандија ја однесе победата на Евровизија, на Македонците за малку им избега тронот“, пишува Еспресо.
Бугарската Нова тв пренесува дека интригативно почна гласањето и Македонија беше во првите 3.
Хрватски 24 сата наведува дека Македонија е разочарана и дека Холандија слави.