29 Март, 2024
0.0280

Сите предности на полисата за животно осигурување

Објавено во: Економија 04 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Полиса за животно осигурување и штедење, во едно се добиваат две придобивки. Со штедната компонента како финансиски производ, полисата за животно осигурување стана се поатрактивен и побаран начин за менаџирањето на сопствените средства. Тука не постои ни дилема, ниту пак едниот избор го исклучува другиот.

Новите опции што ги нудат осигурителните компании, разни пакети и спојување на финансиски услуги придонесоа кај граѓаните постепено но континуирано да се зголемува свеста за потребата од животно осигурување но и за поволностите што ги нудат компаниите за животно осигурување. Дел од причината за тоа е што осигурителните компании во своите понуди внесуваат додадена вредност и дополнителна придобивка за корисникот.

Осигурувањето на живот всушност претставува заштита и обезбедување на оние кои зависат од осигуреникот, неговото семејство, деца и слично. Додека животот е осигуран истовремено со вложените средства или месечни уплати на животна полиса, се создава акумулирање на средства, еден вид заштеда за сигурност на семејството. Тоа дава дополнителна вредност на полисата за осигурување на живот и поголема вредност на инвестираните пари.

Ова е финансиски производ кој покрај осигурувањето на животот, уште и ја гарантира и сигурноста на вложените пари. По истекот на осигурителниот период, осигуреникот ги добива своите пари во износ договорен при склучување на полисата, воедно за цело времетраење на полисата неговиот живот е осигуран, а најблиските се финансиски заштитени од евентуални несакани последици. Токму ефективното и продуктивно спојувањето на овие две компоненти ја буди довербата на граѓаните во работата на Кроациа осигурување живот, која има најголем удел на пазарот за животно осигурување по полисирана премија 38 отсто за изминатата година.

Со плаќање еднаш годишно приближно 11.000 денари, или околу 900 денари месечно се добива почетен пакет за животно осигурување и финансиско обезбедување, за себе или за семејството, а висината на договорените износи за исплата зависи и од траењето на полисата, што може да биде меѓу 10 и 30 години.


Можеби ќе ве интересира

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“