СИТЕ СЕ НАДЕВАВМЕ ДЕКА Е НЕКОЈА МЛАДЕШКА ЛУДОСТ, ИЛИ ОТИШОЛ ВО ДРУГА ЗЕМЈА, НО ЗА ЖАЛ НЕ Е ТАКА - министерот Вулин со голема почит за таткото Ненад
Објавено во: Балкан 22 Мај, 2022
Министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин денеска повтори дека смртта на Матеј Периш била предизвикана од давење и дека на телото нема траги на насилство.
Вулин за ТВ Прва изјави дека е потребно време за да се направат токсиколошки анализи.
„Сите се надевавме дека можеби е некоја младешка лудост, глупост, на пример отишол во друг држава, но, за жал не било така. Голема почит кон татко му кој се покажа како крајно коректен, крајно прибран, не сум сигурен колку било кој од нас би можел да се однесува на ист начин како него“, изјави Вулин.