29 Септември, 2024
0.0256

СИТЕ СЕ ВО ПАНИКА! Автомобилската индустрија е пред колапс - неопходни се итни мерки

Објавено во: Економија 29 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Германија и Италија се приклучија на повикот на европската автомобилска индустрија до Европската унија да ги олесни целите за намалување на CO2 за автомобилите и да ја разгледа забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година.

Италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо во средата пред состанокот на министрите на ЕУ одговорни за внатрешниот пазар и индустрија рече дека неговата земја, заедно со Германија, работи на поддршка на другите земји во барањето за олеснување на стандардите за емисија на CO2 за автомобилите.

Како што пренесува порталот Еуроњуз, тие ќе побараат и преиспитување на најавата на ЕУ дека во 2035 година ќе забранат продажба на автомобили со бензински и дизел мотори.

Урсо ги повтори неодамнешните предупредувања од производителите на автомобили, предвидувајќи дека европската автомобилска индустрија ќе „колабира“ и дека „десетици илјади“ работни места ќе бидат изгубени доколку ЕУ не го промени курсот.

Неговите предупредувања доаѓаат три месеци откако италијанската премиерка Џорџа Мелони ја нарече забраната за продажба на автомобили со мотори со внатрешно согорување „идеолошко лудило“.

Пред неколку дена Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA) јавно повика на одложување на примената на построги ограничувања за емисија на штетни гасови по објавувањето на податоците за падот на продажбата на електрични автомобили.

Влијателната групација со седиште во Брисел, која ги вклучува БМВ, Форд, Рено, Фолксваген и Волво, на 19 август предупреди дека регистрациите на нови автомобили паднале под 644.000 во август, што е пад од повеќе од 18 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година.

Најголем пропорционален пад е забележан кај електричните автомобили, чиј удел на пазарот падна за речиси една третина од минатогодишните 21 процент.

- Ни недостасуваат клучните услови за да го постигнеме потребниот моментум во производството на возила со нулта емисија: инфраструктура за полнење, вклучувајќи водород, конкурентна производствена средина, прифатлива зелена енергија, купување и даночни стимулации, како и сигурно снабдување со суровини, водород и батерии - напишаа во ACEA- и.

Во моментов, производителите на автомобили мора да се погрижат емисиите на сите автомобили што ги продаваат во дадена година да не надминуваат просечни 115,1 грама на километар, а таа граница следната година ќе се заостри на 93,6 грама. Таа бројка ќе биде сè потешко остварлива со падот на продажбата на електрични возила од една страна и доминацијата на поголемите SUV модели.

Соочена со заканата од казни од повеќе милијарди евра следната година, ACEA ја повика ЕУ да спроведе „итни мерки за помош“, но според Euronews, Европската комисија смета дека самата индустрија е барем делумно виновна за ситуацијата.

- Имаме уште 15 месеци од продажбата на автомобили пред нас и индустријата има време да ги постигне своите цели - изјави во вторникот за новинарите портпаролот на Европската комисија. - Исто така, вреди да се запамети дека целта за 2025 година беше договорена во 2019 година и ... ги дизајниравме овие политики за да и дадеме време на индустријата да се приспособи - заклучи тој.

Можеби ќе ве интересира

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

„НАЈГОЛЕМ ПРОБЛЕМ ВО НАШИОТ ГРАД“: Барселона е една од најпопуларните туристички дестинации, но воведува промени

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

КОЈ ПЛАЌА НАЈСКАПО ГОРИВО ВО РЕГИОНОТ? Еве каде е Македонија

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

ФОЛКСВАГЕН ПОДГОТВУВА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ - по информациите дека ќе затвораат фабрики, шефовите најавуваат новина

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

„Мора да останеме профитабилни“: позната компанија отпушта илјадници работници

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори