СИТЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА (3/3)
Објавено во: Колумни 26 Февруари, 2018 06:35
Втората основа за дефинирање на поимот Македонија претставува ПРАКТИЧНА/РЕАЛНА или народски кажано: живеачка основа.
Трите корени кои ја креираат живеачката основа се:
1.Македонија како МИНАТО (место на раѓање)
МИНАТОТО во еден најопшт контекст означува нешто што поминало; јазично опредлено – (минато) свршено време. Од математички аспект, пак,
МИНАТО=ИСТОРИЈА.
Местото на раѓање е дестинација определена од нашите родители и од здравствените односно болничките услови во моментот на нашето раѓање.
Сублимирано, Македонија како МЕМОРАБИЛИЈА/МИНАТО за МИЛЕНИЈАЛС генерацијата (или Generation Y, родените 1985-2000 година), чие „време е дојдено“, чиј припадник (не и претставник) сум, математички претставено изгледа вака:
ЖЕЛБА ЗА САМОСТОЈНОСТ + ТРАНЗИЦИЈА + НЕСИГУРНОСТ.
И последните години оваа ГЕНЕРАЦИЈА беше единствено ПРОЗИВАНА поради својата ЖЕЛБА за подобар живот и БЕГАЊЕ НА ЗАПАД.
Но, разберете: за оваа ГЕНЕРАЦИЈА да може да продолжи да го гради она кое претходните генерации го започнале, изградиле, засадиле, на оваа ГЕНЕРАЦИЈА треба да и се остави простор МИНАТОТО да го стави во витрините на ИСТОРИЈАТА.
Да почнеме да гледаме на
2.Македонија како СЕГАШНОСТ
ИСТОРИЈАТА е завршена (Фукујама).
ЖЕЛБАТА ЗА САМОСТОЈНОСТ е остварена.
ТРАНЗИЦИЈАТА е помината.
НЕСИГУРНОСТА е надрасната.
Не постои ЗАКАНА за постоењето и опстојувањето.
Не постои ЗАВЕРА против Македонија и Македонците.
Пораснавме. Созреавме.
Почнавме Македонија да ја ЖИВЕЕМЕ.
И за да почнеме да ЈА ГЛЕДАМЕ
3.Македонија како ИДНИНА
МОРАМЕ да разбереме:
Не сум само „Јас“ Македонија.
Не си само „Ти“ Македонија.
Не сме само „Ние“ Македонија.
Не е дека „мојата“ Македонија не е и „твоја“ Македонија.
СИТЕ СМЕ МАКЕДОНИЈА
Златко Кујунџиски* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





