СИТУАЦИЈАТА Е АЛАРМАНТНА: Во Европа нов арктични бран, еве што не чека
Објавено во: Свет 14 Јануари, 2019
Снежното невреме и лавини во последните недела дена создаваат големи тешкотии во Европа, пред се во Австрија и Германија и однесоа 26 животи.
А според прогнозите кои ги објави „Severe Weather Europe“ крајот на екстремни зимски врнежи уште не се надзира.
Во источна и централна Европа, доаѓа нов арктички бран кој ќе донесе многу студен воздух, нов обилен снег и снежни бури во Алпите.
Поради тоа во Австрија денес во некои делови ќе паднат уште два метри снег.
„Големата снежна бура се движи кон северните Алпи, посебно во делот на северна и западна Австрија, јужна Германија и источна Швајцарија. Иако во голем број на тие региони паднаа помеѓу 350 и 500 цм снег, се очекуваат уште најмалку 100 до 120 цм свеж снег до вторник утрото. По живот опасни ситуации со закани од големи лавини ќе се зголемат откако падне уште снег“, предупредува “Severe Weather Europe“.