28 Март, 2024
0.0238

СКАНДАЛ: Очајни жени тужат салон за убавина - сакале да ги пополнат брчките, излегле со страшни изгореници

Објавено во: Балкан 05 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Отидов во салон за убавина за да го намалам носот со ласер и малку да ги поткренам веѓите кај извесна О.М., која се претстави како доктор и беше рекламирана на социјалните мрежи од најголемите sвезди во регионот, а излегов со рани, осакатена и со целосно изгорена кожа на лицето. Судскиот вештак рече дека моите изгореници изгледаат како да сум поминале низ оган и дека сега сум изложени на висок ризик од рак на кожата. Лузните никогаш не можат да се отстранат целосно и ќе морам да носам маска до крајот на животот.

Ова за Курир.рс го изјавила една од жените (име и презиме познато на редакцијата), која по таканаречените бразилски естетски зафати добила страшни красти и лузни кои не поминуваат. Заедно со уште четири девојчиња, таа решила да ја бара правдата на суд.

Последните денови на социјалните мрежи кружеле фотографии од многу осакатени жени по истиот третман, а една од нив се согласила да му го каже своето застрашувачко искуство на Курир, пред се да ги предупреди другите девојки.

„Јас и другите жени со месеци ја следевме работата на споменатата ОМ на социјалните мрежи, видовме и дека ја доби наградата за претприемач на годината, дека сите ја фалат. Ми рекоа дека третманот се прави со ласер и дека таа е лекар, иако подоцна се покажа дека се работи за третман со плазма пена, што нормално може да се направи само во болница, и дека жената е геодет или математичар по професија. После пет часа болно лекување, кое го платив скоро 2.000 евра, излегов со целосно искасапено лице3, изјавила оваа 35 годишна жена.

Таа навелса дека по третманот, не можела да ги отвори очите седум дена и да јаде два месеци. 

„Целиот епидермис на мојата кожа беше отстранет, и со текот на времето, почнаа да се формираат болни лузни, т.н. келоиди. Тие можат да се санираат само 70 проценти, а до крајот на мојот живот сега ќе носам маска и ќе живеам во страв од рак на кожата“, рекла таа. Додала дека и други девојки кои имаат слично страшно искуство со таа ординација, која постои во Белград и во Бања Лука, им се јавуваат секој ден преку социјалните мрежи, а споменатата докторка дури држи и едукации на оваа тема. Кога жената се обидела да и се обрати на наводната докторка која ги правела „третманите“ со другите повредени девојчиња, тие добиле голем број обвинувања дека не ги следеле препораките за време на закрепнувањето и на крајот биле блокирани.

О.М., сопственичката на салонот која беше обвинета од жените дека нејзиниот третман им ја уништил кожата, изјавила за Курир.рс дека не добила никаква тужба, дека се работи за обвинувања од нелојална конкуренција, но и дека секогаш ќе има незадоволство. Според неа, кај хемискиот пилинг постои процес на лекување кој е индивидуален, а грижата за кожата и хигиената по третманот е многу важна. 

„Пред третманот, сите клиенти беа предупредени и усно и писмено и сите потпишаа образец за согласност. Ласерот и плазма пената се речиси исти процедури, тоа е микро-горење на кожата, а уредот е многу прецизен. Нема ништо што некој друг не може да им поправи ако не се задоволни од нас, но за сето ова постои суд, а не клевети во медиумите“, рекла наводната лекарка. 

Инаку, таканаречената плазама пена, е третман што се користи за пополнување на брчките, се изведува со уред во форма на молив кој има игла, и создава микро-повреди кои го стимулираат производството на колаген и еластин.

Извор и фото: Курирс.рс

Можеби ќе ве интересира

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

ЖИТЕЛИТЕ НА БЕЛГРАД РЕВОЛТИРАНИ ОД ЦЕНАТА НА ПАРЧЕ ПИЦА? „Ви благодарам. Збогум“ (ФОТО)

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

НА МЕСТОТО КАДЕ ИСЧЕЗНА МАЛАТА ДАНКА: Српската полиција постави шатор

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа

ЗА ДАЧИЌ ОВА Е СКАНДАЛОЗНО: Прифатен e предлогот на Дора Бакојани Koсово да влезе во Советот на Европа