Скандал во Фејсбук, на удар милиони корисници: Еве на кој му се познати нашите лозинки
Објавено во: Свет 22 Март, 2019
Лозинките на милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук се пристапни за скоро 20 000 вработени на сервисот на таа социјална мрежа, јави британски БиБиСи.
Истражувачот за безбедност Брајан Кербс ги обави вестите за неуспесите да се заштитат податоците на скоро 600 милиони корисници на лозинките кои се сместени во текст кој не е посебно кодиран (шифриран). Тоа се лозинки кои датираат уште од 2012 година, рекол Кребс.
Тој рекол дека извор од Фејсбук му рекол дека за „безбедносните пропусти“ кои им овозможуваат на програмерите да креираат апликации каде лозинките не се кодирани.
Во соопштението на Фејсбук се наведува дека сега го решиле „дефектот“ со чувањето на кориснички лозинки на нивната интерна мрежа.
БиБиСи наведува дека Фејсбук соопштил дека го открил проблемот во јануари како дел од рутинскиот безбедносен преглед и дека нивната истрага покажала дека се погодени со поголем дел од корисниците на Фејсбук лајт.