СКАПО ЛИ СТАНУВА ВОЗЕЊЕТО КОЛА: Бензинот и дизелот со нови цени од денеска
Објавено во: Економија 16 Октомври, 2018
Да се вози автомобил на бензин или дизел станува луксуз. Ова се дел од коментарите на возачите кои ги затекнавме на бензинските пумпи ширум главниот град. Коментираат дека се помалку ќе возат а на работа ќе мора да патуваат со алтернативно превозно средство ако продолжи вака да расте цената на нафтените деривати.
Понеделнички, регулаторното тело за енергетика одлучи да пораснат цените на бензините и дизелот.
Тоа значи дека од полноќ па се во следните две недлели граѓаните ќе мора да издвојуваат повеќе пари за горива.
Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 растат за денар, односно денар и половина и еден литар од овие горива ќе треба да го платите 74.50, односно 76.50 денари.
ЕУРОДИЗЕЛ горивото поскапува за два денари, и еден литар дизел гориво ќе ве чини 69.00 денари.
Поскапувањето на горивата според РКЕ се должи на растот на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период за 4,74%.