Добивај вести на Viber
Скијачкиот центар Попова Шапка се подготвува за уживање на своите гости, се користат првите врнежи од снег за базична подготовка на патеките.
„Снежна покривка на Попова Шапка!
Со задоволство Ве известуваме дека ги користиме првите врнежи на снег за базична подготовка на стазите со цел да ви обезбедиме идеални услови за скијање и други зимски активности. Ова значи повеќе можности за уживање на една од вашите најомилени дестинации!
Подгответе сѐ за прекрасна зима!“, напишаа од скијачкиот центар Попова Шапка на својот фејсбук профил.