25 Април, 2024
0.0641

Склучени меморандуми за соработка во сферата на финансиската едукација

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Македонската банкарска асоцијација на 17.12.2018 година склучи меморандуми за соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија. Меморандумите главно се однесуваат на соработката во сферата на финансиската едукација на младата популација, како и на други прашања сврзани со финансиската писменост на населението.

Во рамки на оваа соработка, Македонската банкарска асоцијација и трите институции со кои  беа склучени меморандуми за соработка, за првпат во нашава земја ќе го организираат „Европскиот квиз на парите“, којшто е проект на Европската банкарска федерација, наменет за финансиска едукација на младите. Со тоа, Република Македонија се вклучува во второто издание на овој квиз, чија основна цел е финансиска едукација на учениците на возраст од тринаесет до петнаесет години. Се очекува дека во квизот ќе учествуваат над четириесет илјади ученици од дваесет и пет европски земји.

„Европскиот квиз на парите“ се одвива во две фази – првата се националните  натпревари во секоја земја поединечно, а втората е европското финале. Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамки на Европската недела на парите. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваат нашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година во Брисел, Белгија. Организацијата на овој настан во нашата земја ќе придонесе за поголема ангажираност на младите во доменот на финансиската едукација и за збогатување на нивните знаења од сферата на финансиите. 

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan