24 Април, 2024
0.0251

МХЕ Тополки

Склучување договор за закуп на државното земјиште е обврска која произлегува од сите стандардни Договори за концесија

Објавено во: Мои пари 23 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

„ВМРО ДПМНЕ со изнесување лаги и невистини повторно се обидува да ја манипулира јавноста. Таква беше и вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ на која беше изнесена невистина дека МХЕ Тополки по пат на непосредна спогодба добило градежно земјиште за изградба на мала хидроцентрала, што претставува класичен пример на манипулација на јавноста“, се вели во реакцијата на МХЕ Тополки испратена до медиумите.

Од таму ја информираат јавноста дека давање на државно земјиште на користење под долготраен закуп за изградба на објекти од јавен интерес, какви што се малите хидроелектрани, е редовна административна постапка согласно Законот за градежно земјиште и е задолжителна обврска согласно одредбите од сите Договори за концесија за изградба на мали хидроелектрани.

Конкретно, додаваат „обврската за склучување Договор за долготраен закуп на државното земјиште за кој согласност треба да даде Владата, произлегува од Договорот за концесија на МХЕ Тополки ДОО кој е изработен од претходната власт и е потпишан со државата во 2015 година. Ова земјиште кое се дава под долготраен закуп останува сопственост единствено на Република Македонија, и во ниеден случај не се пренесува сопственоста на МХЕ Тополки ДОО. Исто така, по истекот на концесискиот период, целосниот објект кој е инвестиција на МХЕ Тополки ќе се предаде во државна сопственост“.

Потенцираат дека постапките спроведени за реализација на договорот за Концесија на МХЕ Тополки како што е конкретната за склучување на договори за долготраен закуп на земјиште се идентични со постапките со кои досега се изградени над 70 мали хидроцентрали во Република Македонија и на други концесионери.

„Со ваквите невистинити тврдења и обвинувања изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, тенденциозно и намерно се прави обид за нанесување на штета на Друштвото МХЕ Тополки, како и на неговите основачи кои што градат објекти од јавен интерес, а кои се за доброто на сите граѓани на Македонија. Од таа причина бараме јавно извинување од ВМРО ДПМНЕ во рок од три дена за конкретното неосновано обвинување, во спротивно Друштвото МХЕ Тополки ќе биде принудено да покрене соодветни судски постапки“ - децидно додаваат од друштвото. 

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот