23 Април, 2024
0.0273

СКМ: Што побрзо да се отстранат сите трговски бариери

Објавено во: Економија 08 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија ја поздравува иницијативата на надлежните органи на Република Македонија и Република Србија за формирање на Меѓувладин комитет за решавање на трговските бариери и унапредување на размената помеѓу двете земји, кој ќе има за задача да ги нотира сите отворени прашања и да предложи решенија за отстранување на сите бариери и препреки во меѓусебната трговија. Воспоставувањето на ваков вид на соработка помеѓу надлежните органи во насока на надминување на бариерите во меѓусебната трговија беше континуирано барање на Стопанската комора на Македонија во изминатите 15 години.

Неопходно е во што е можно покус рок да бидат отстранети сите бариери во меѓусебната трговија, и да се работи на забрзување и олеснување на процедурите на граничните премини, со што би се спречиле долги задржувања и би се овозможил брз проток на стоки, што е во духот на Берлинскиот процес и создавањето на заеднички економски пазар.

Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Србија во 2017 година достигна вредност од 802,88 милиони САД $, со раст од 11% во споредба со 2016 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 249,05 милиони САД $  кој бележи раст од 15,94% споредено со 2016 година. Увозното салдо изнесува 553,8 милиони САД $ и истото бележи раст од 8,96% споредено со 2016 година. Евидентирано е негативно трговско салдо со дефицит од 304,8 милиони САД $, при што во однос на 2016 година истиот е зголемен за 3,87%. Во 2017 година, Србија е четврти најважен партнер во надворешно-трговската размена на Македонија, зад Германија, Велика Британија и Грција.

Компаниите се` уште се соочуваат со многу тешкотии од административен и од технички карактер во меѓусебната трговија – непризнавање на сертификатите и другите документи кои се однесуваат на квалитетот и техничките стандарди на стоката што се тргува, обврски за приспособување на амбалажите на производите или за приспособување кон стандарди кои се применуваат само на српските пазари, спроведување анализи на граничните премини кои се поврзани со временско оддолжување, но и зголемување на трошоците за извоз (што особено има влијание кога се извезува помала количина од одреден производ, па износот на овие трошоци може драстично да ја зголеми цената на производите и да ги направи неконкурентни на српскиот пазар, но и кај производите што имаат релативно пократок рок на важност).

Потребата за обезбедување на слободното движење на стоки/услуги во целиот регион со цел намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста на стоките и услугите на глобалниот пазар е прашање од витално значење за бизнис-заедницата, и во таа насока, цениме дека е потребно во работењето на Меѓувладиниот комитет, покрај претставниците на надлежните институции во Република Македонија и Република Србија, да бидат вклучени и претставници на бизнис-заедницата.

Истовремено, Стопанската комора на Македонија дава целосна поддршка овој модел на соработка на надлежните државни органи во насока на изнаоѓање решенија за отворените прашања во меѓусебната трговија да послужи како пример и за надминување на отворените прашања во меѓусебната трговија со сите земји.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска