Скок на цената на нафтата во светот - што се очекува кај нас?
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019
Скокна цената на нафтата.
На светските берзи таа денеска повторно има зголемување. Ова е најдолгиот пораст во последните 17 месеци поттикнат од намаленото производството на енергенсот, но и од најавените кинеско-американските преговори во Пекинг, кои треба да ги „испеглаат“ трговските односи помеѓу двете држави.
Инвеститорите во нафтениот пазар, се надеваат на запирање на растот на комерцијалните резерви на нафта во САД.
Нфтата „брент“ на Лондонската берза за испорака во март денеска има цена од 58,31 американски долари за барел, а цената на американската „лесна“ нафта на берзата во Њујорк за февруарска дистрибуција, скоро го достигна нивото од 50 долари за барел.
Според проценкита на аналитичарите, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, комерцијалните резерви на нафта во САД минатата недела се намалиле за 1,75 милиони барели.
Прогнозите за цената на нафтата, односот меѓу доларот и еврото во 2019 година можe да влијаат врз проекциите во деловниот сектор во Македонија.