29 Јули, 2021
0.0215

СКОКААТ ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА: Еуросупер БС-95 оди нагоре за 1,5, другите горива за еден денар

Објавено во: Економија 10 Мај, 2021

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со којасе врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,88 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)  и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,800 ден/кг и сега ќе изнесува 35,243 ден/кг.

Од 11.5.2021годинаод 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат.

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95  68,50 (денари/литар)

Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС -98  70,00 (денари/литар)

Дизел гориво  ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  60,00 (денари/литар)

Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  59,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС    35,243 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 4,035 отсто, дизелот за 3,187 отсто, екстра лесното масло зголемувањето е за 3,463 проценти и кај мазутот за 2,956 отстоп.

Во истиот период курсот на денарот во однос на долароте повисокза 0,160 отсто. 

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.5.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од Регулаторната комисија за енергетика. 

Можеби ќе ве интересира

Блиску сме до просечна плата од 500 евра, тврди Шахпаска

Блиску сме до просечна плата од 500 евра, тврди Шахпаска

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Со ребалансот на буџетот ќе има повеќе пари за здравството

Генерали Инвестментс излезе со известување за промена на Депозитарна банка

Генерали Инвестментс излезе со известување за промена на Депозитарна банка

НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА: Андреја Стражишар доби мандат од 4 години

НОВ ЧЛЕН НА НАДЗОРЕН ОДБОР НА НЛБ БАНКА: Андреја Стражишар доби мандат од 4 години

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

Швеѓаните имаат најдолг работен век во ЕУ

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: ССМ бара работодавците да го заштитат здравјето на работниците

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА: ССМ бара работодавците да го заштитат здравјето на работниците

ОЧЕКУВАЊАТА НА ЗФ СРБИЈА СТАНАА РЕАЛНОСТ - директорот се пофали со три години успешна приказна

ОЧЕКУВАЊАТА НА ЗФ СРБИЈА СТАНАА РЕАЛНОСТ - директорот се пофали со три години успешна приказна

ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ЗЕЈТИНОТ, ПОРАСНА И ПРОФИТОТ НА „КРИСТАЛ“ - за половина година добивка од 609 илјади евра

ПОРАСНАА ЦЕНИТЕ НА ЗЕЈТИНОТ, ПОРАСНА И ПРОФИТОТ НА „КРИСТАЛ“ - за половина година добивка од 609 илјади евра

ИНТЕРВЈУ СВИЛАНОВИЌ ЗА ФАКТОР: На бизнисот не му требаат совети, туку вмрежување, олеснување на давачките и решителна поддршка од владите

ИНТЕРВЈУ СВИЛАНОВИЌ ЗА ФАКТОР: На бизнисот не му требаат совети, туку вмрежување, олеснување на давачките и решителна поддршка од владите