СКОКНА БИТКОИНОТ: Во Ел Салвадор со него ќе може да се плаќаат и придонеси
Објавено во: Економија 10 Јуни, 2021
Зголемена е вредноста на биткоинот.
Таа денеска скокна за 13 отсто откако Ел Салвадор усвои закон со кој оваа дигитална валута стана законско средство за плаќање во таа држава. Биткоинот се тргуваше за 37.000 долари, а подоцна попладнево се намали на 36.435,96 долари.
Парламентот на централноамериканската држава Ел Салвадор вчера усвои закон со кој биткоинот стана легално средство за плаќање. Цените во таа земја сега можат да се изразуваат и во биткоини, а даночните обврски и придонеси можат да се исплаќаат во биткоини. Во април оваа криптовалута се искачи над 64.000 долари. Екс американскиот претседател Доналд Трамп рече дека биткоинот е измама.