Скокна цената на нафтата на светските берзи
Објавено во: Економија 29 Јуни, 2022
Поскапува нафтата. Цените на нафтата денеска скокнаа на берзите и се близу 119 долари.
На лондонскиот пазар цената на барелот е повисока за 87 центи отколку на затворањето на претходниот трговски ден. Таму нафтата се тргуваше за 118,85 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 1,20 долари повисока цена, од 112, 96 долари.
Пазарите вчера беа загрижени од сигналите дека големите светски произведувачи Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати не можат позначително да го зголемат производството. Организацијата на земјите извознички на нафта (OПЕК) денеска објави дека барелот од кошницата референтна нафта на нејзините членки во вторникот чинел 117,55 долари. Откако почна војната во Украина, цените на нафтата варираа во краток временски период.foto freepik.com