СКОКНАА цените на бензинот и дизелот
Објавено во: Економија 12 Ноември, 2019
Во следните седум дена возачите ќе точат горива по поскапи цени.
Регулаторна согласно движењата на светскиот пазар на одлуката во понеделникот реши да ги зголеми цените на нафтените деривати .
Тоа значи дека скокнаа цената и на бенините и на дизелот.
Имено, од денеска на бензинските пумпи ширум државата ќе се точи Еуросупер БС-95 поскапо за еден денар односно за 68,50 денари
За половина денар поскапуваат и Еуросупер БС-98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства и тие ќе се продаваат вака: Еуросупер БС-98 - 70,50 денари , дизелот за 62 денари а екстра лесното масло за домаќинства ќе чини 50,50 денари.