Скопјанец со камион прегази велосипедист во Куманово

Објавено во: Македонија 06 Август, 2022
Вчера претпладне скопјанец со транспортно возило прегазил велосипедист во Куманово, кој им подлегнал на повредите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
„На 05.08.2022 околу 11:00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „11 Ноември“ во Куманово, товарно возило „Фусо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ќ.(48) од Скопје, удрило во велосипед управуван од И.М.(81) од село Лопате, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кој по укажаната помош во болницата во Куманово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17:45 часот починал“, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
Можеби ќе ве интересира
Регистрирани 521 нов случај на КОВИД-19, починати се три лица

Министерството за култура ги стопира парите за фестивал, ќе пеел Аца Лукас

Полицијата заплени дрога во поранешна фабрика за канабис во Битола

Маричиќ: Препораките на историската комисија ќе се имплементираат за две години

СИТЕ ДВА РЕНТГЕН АПАРАТИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР НЕ РАБОТАТ ДЕСЕТТИНА ДЕНА: Пациентите „трчаат“ да се снимат приватно или во Градска болница

СЕ ВРАЌААТ ТРОПСКИТЕ ГОРЕШТИНИ: Ни пристигнува портокалова фаза-еве ја прогнозата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Јовески ја суспендираше Русковска, а Муареми се повлече од директорското место во Финансиската полиција

ПРОМЕНИ ВО БАЛАНСЕРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Eдна третина во јавниот сектор треба да бидат Албанци
