29 Март, 2024
0.0268

СКОПЈАНИ ИЗБЕГАА ВО ОХРИД ЗА ДА ШЕТААТ - ама денеска ќе им врне

Објавено во: Македонија 06 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Голем број скопјани избегаа во Охрид за да не седат затворени во карантин, ама денеска, на вториот ден од викендот, времето сосема не им се погоди.

Во моментов температурата во овој туристички центар на земјава е 17 степени, и е на места со невреме, дожд и грмотевоци, а барем според временската прогноза, ништо подобро време не се очекува ни за целиот денешен ден.

Односно, температурата треба да достигне максимум до 19 степени, а врнежи од дожд се предвидени за целиот ден.

Вчера, пак, во Охрид времето беше убаво и можеше да се забележи зголемена раздвиженост на луѓе по чаршијата, долж Кејот на Охридското Езеро и низ градот, но без позначајна посетеност на угостителските објекти, кафулињата и рестораните. Двомесечната изолација наметната поради епидемијата на коронавирусот како да ги одвикна луѓето да одат по кафеани и ресторани. Дури и со намален ограничен капацитет на столици, кафулињата во градот не беа полни. 

Поединци не се придржуваа на препораките за носење заштитни маски. Зголемената посетеност во градот донесе поголеми гужви на јавните места како шеталиштата, како и на продавниците и маркетите. Наспроти маркетите каде редари се грижеа за носењето заштитна опрема, тоа не беше случај на шеталиштата, во парковите каде можеше да се забележи непридржување на препораките за носење маска во присуство на поголем број лица. Инаку, Охрид е меѓу градовите каде викендов на сила е делумен полициски час, односно забраната за двиежење важи од 16 часот попладне до 5 часот наутро. 

Претходно охридскиот градоначалник Константин Георгиевски упати апел до сите посетители кои во моментот престојуваат во градот, да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција: да се носат заштитни маски; да се одржува потребна дистанца; да се одржува лична хигиена според препораките; да не се организираат семејни собири и други друштвени групирања; да се почитува во целост полицискиот час. Апелираше и до трговците и угостителите, да ги почитуваат сите протоколи за работа во текот на викендот, како и до надлежните инспекторати да ги засилат теренските контроли на угостителските објекти, на трговските објекти и на сместувачките капацитети, со цел да се почитуваат протоколите и да се превенираат несакани последици.

Фактор веќе пишуваше дека секој што можеше, во четвртокот попладне, пред да стапи на сила 80-часовниот карантин, го напушти главниот град. Најголем број скопјани заминаа во Маврово и во Охрид, но има и во останатите градови на истокот од земјава, Кратово, Берово, Пехчево, Струмица. Велат: „Таму нема карантин“.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор