27 Септември, 2024
0.0307

СКОПЈАНИ ОСТАНАА БЕЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: Приватните превозници ги паркираа автобусите, ќе возат само попладне

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Продолжува хаосот со јавниот градски превоз во Скопје. Овој пат, граѓаните останаа без своите автобуси кои ги држеа приватните линии, заради тоа што на седница на Советот не била ставена нивната иницијатива за покачување на цената од изминат километар.

Приватните превозници доцна синоќа одржаа состанок, а според пишувањата на медиумите, одлучиле од денеска да не сообраќаат по редовните линии, само во попладневните часови. Велат дека нема да отстапат од своите барања и се додека нема одговор ќе останат делумно паркирани. Апелираат претседателот на совет да ја стави на дневен ред иницијативата за покачување на цената од изминат километар, а советниците да ја поддржат за да може да функционираат..

Инаку вчера претседателот на совет Трајко Славески кажа дека ќе се дискутира само по предлог на градоначалник, но таква одлука немало. Од град Скопје пак, го обвинија Славевски дека одбил иницијативата да ја стави на разгледување пред советниците.

„Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ. Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес“, реагираа од градот.

Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех.

Советничката од редовите на Алијанса за Албанците поднесе иницијатива за зголемување на цената по изминат километар на приватните превозници и очекуваше таа да се најде на дневен ред на вчерашната седница. Но како што тврдеше ја одбиле со образложение дека било доцна доставена. Тоа предизвика револт кај приватниците по што одлучија да прекинат делумно со работа.


Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

УЧЕНИЦИ ОД „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ЗАТРУЕНИ ВО АЕРОДРОМ: Се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање

УЧЕНИЦИ ОД „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“ ЗАТРУЕНИ ВО АЕРОДРОМ: Се пожалиле на стомачни тегоби, дијареа и повраќање

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност