25 Април, 2024
0.0288

Skopje Cocktail Week - второ издание, настан кој ја слави коктел културата

Објавено во: Мои пари 03 Мај, 2018

Добивај вести на Viber


Во периодот од 03ти до 10ти Мај, се одржува второто издание на Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак - компанија која веќе 27 години на пазарот е присутна како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Имајќи го позитивното искуство и фидбек од минатогодишното издание, оваа година повторно го нудиме Skopje Cocktail Week како платформа за едукација на фелата, но и како препознатлив концепт настан кој нуди нови искуства за гостите.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која ќе се одржи ден пред да започне Skopje Cocktail Week, сакаме да ги информираме и едуцираме сопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува. Станува збор за избор за коктели кои се соодветни за служење во пролетно - летниот период. Оваа година покрај едукација на теми како што се “раководење на бар„ “однесување со гостите„, нудиме и теми за едукација како што се “улогата на социјалните медиуми при промовирање на содржжините во еден бар“ и “улогата на квалитетно креирано мени“. Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се се повеќе заинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинави во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера.„ – изјавиja од Гемак.

Во рамките на настанот, кој ќе трае од 03 – 10 Мај, ќе бидат опфатени вкупно 12локали во кои посетителите ќе може да нарачаат и да вкусат избор на 7 коктели. Дополнително, гостите ќе имаат можност да добијат интересни подароци од  промотивниот тим на Skopje Cocktail Week. Оваа година покрај ова издание, ќе следи и есенско - зимско издание на Skopje Cocktail Week.

Се гледаме на Skopje Cocktail Week!

За да се информирате повеќе за програмата и мапата на локали каде ќе се одржи Skopje Cocktail Week следетене на:

www.facebook.com/skopjecocktailweek/www.instagram.com/skopjecocktailweek/


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет