Скопје денеска блокирано: Протесот за „Монструм“ затвора десетина главни улици
Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2021
За денеска е најавен протест против пресудата за случајот Монструм во кој беа изречени доживотни затворски казни за обвинетите Халил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ за масовното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година. Поради тоа, како што извести Министерството за внатрешни работи ќе бидат блокирани повеќе улици.
Протестот почнува во 13 часот во парк Чаир на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на булеварот „Гоце Делчев“. Потоа кон Собранието па кон и Влада на Илинденска. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:
Улица„Х.Т.Карпош“,
„Џон Кенеди“,
„Цветан Димов“,
„Крсте Мисирков“,
булевар „ Гоце Делчев“,
улица „11-ти Октомври“,
улица „Васил Главинов“,
булевар„ ВМРО“,
булевар „Илинден“ и други околни сообраќајници.
Фото МИА