28 Март, 2024
0.0236

SKOPJE DESIGN WEEK 2019 СО ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ

Објавено во: Мои пари 12 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Мултидисциплинарната платформа Skopje Design Week есенва ќе го претстави своето деветто издание преку најновите достигнувања на производните компании, дизајнерите и дизајн студијата од Балканските земји. По тој повод, Skopje Design Week почнувајќи од денес па сè до 15. октомвриотвораповик до сите производни или увозно ориентирани компании, дизајнери, дизајн студија и неформални групи кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред пошироката македонска и регионална сцена.


На Skopje Design Week годинава ќе може да се изложува мебел, осветлување, елементи за ентериер, секојдневни предмети, аксесоари за домот, производи и инсталации од рециклирани материјали, модна и спортска облека, алати, уреди и опрема, амбалажи, а приоритет ќе се даде на производите и прототипите кои го подобруваат начинот на живот и работа, оние кои користат локално достапни материјали и технологии, имаат избалансирани трошоци за производство, оние кои ги следат критериумите за еколошки производни процеси, односно самите производи и нивините амбалажи да бидат економични и еколошки од секој аспект.


На деветтото издание учество веќе имаат потврдено најуспешните производители од регионот кои успеаа во изминатата декада да се искачат до самиот врв во однос на промоција на нивниот бренд и продажба на производите. Со своите последни колекции и наградени прототипи на мебел и предмети за домаќинство ќе ги видиме во живо, Prostoria, Artisan, Gazzda, Zanat, GIR, Grupa,  Feydom, Zavar Design и други.


Програмата и оваа година е стратешки поставена со цел да се доживее дизајнот со висока естетика и функционалност во полето на продукт дизајн, мода, дизајн на накит, музика, гастрономија и бизнисите воопшто.

Формулар за пријавување на сите заинтересирани е на следниов линк: http://publicroom.org/MK/opencalls/Open_call_SDW2019.html

Можеби ќе ве интересира

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА

ТИМОТ ПРЕДВОДЕН ОД Д-Р ИЛИЕВ ИЗВЕДЕ УСПЕШНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА 92-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА