СКОПЈЕ ГО ПРЕПОЛОВИ БРОЈОТ НА АКТИВНИТЕ СЛУЧАИ - се симна на пет и пол илјади, но сепак има повеќе од сите други општини заедно

Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2021
За прв пат после долг период бројот на активни случаи во земјава се симна под 10 илјади. Тоа според лекарите е добра вест за земјава.
Како што соопшти Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90.654, бројката на оздравени пациенти е 78.154, на починати е 2.785, а бројот на активни случаи изнесува 9.715.
Позитивна вест има и за Скопје. Ако во најсилниот ек на пандемијата бројот на активни случаи ја надмина дири и психолошката граница од 10 илјади пациенти, сега нивниот број е практично преполовен.
Или, во Скопје има 5.461 активни случаи, со што, и покрај намалувањето, метрополата останува буквално „најзаразен“ корона град.
Да погледнеме и каква е состојбата во неколку други градови.
Куманово активни 392, Тетово активни 382
Охрид активни 349, Кавадарци активни 336
Струмица активни 302, Велес активни 257,
Прилеп активни 250, Гостивар активни 228
Битола активни 165, Делчево активни 163...
Штип активни 149, Струга активни 141, Кичево активни 130...
Над 100 активни имаат и Дебар, Гевгелија и Ресен.
Следуваат другите градови, со далеку помал број на активни случаи, односно во сите други градови на земјава бројот на активни е под 100 граѓани.
Можеби ќе ве интересира
Османи се пофали дека ќе има субвенционирање на правична застапеност во приватни компании

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Власта го претстави планот за борба против корупција, а за попишувањето има забелешки

Георгиевски признава дека отсекогаш кршел табуа и предлозите ги дал за да одиме напред

Oбвинителството бара притвор за уште тројца демонстранти кои протестираа за „Монструм“

За 24 часа регистрирани се 368 оздравени од коронавирусот

Направени се 3.144 тестирања, а регистрирани се 726 нови случаи на коронавирус

По смртта на татко и: Синадиновска му се заблагодари на Ахмети за поддршката

Пендаровски реагираше до Радев за мешањето во внатрешните работи на Македонија

Заев: За секој министер се знае колку кафиња и води испил
