СКОПЈЕ И БАРСЕЛОНА ПОВТОРНО ПОВРЗАНИ - ќе се лета два пати неделно, а се воведува и нова линија со Лион

Објавено во: Македонија 28 Април, 2025 11:54
Меѓународниот аеродром Скопје од 3 мај се поврзува со Барселона и Лион. Летовите ќе ги реализира Виз ер со субвенции од Владата, потврдија денеска на прес-конференција ТАВ Македонија и Виз Ер
На релацијата Барселона Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и в сабота.
Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи.
- По тригодишна пауза пак ги поврзуваме Скопје и Барселона по воздушен пат. Враќањето на оваа линија е резултат на заедничка визија, соработка и силна заложба од страна на нашите партнери Владата и Визер - рече денеска на прес конференција Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
Тој верува дека оваа линија ќе биде уште попопуларна од пред три години со многу патници.
Меѓународниот аеродром Скопје првпат се поврзува со Лион, како што рече Курт, посебен град којшто има што да понуди, под заштита на УНЕСКО и роден град на кинематографијата со атрактивна гастрономска понуда.
Курт соопшти дека таргетирани им се и дестинациите на шпанското и италијанското крајбрежје, враќање на линијата кон Ларника во Кипар, како и отворање директни линии кон Прага и Мадрид.
Со Со финансиска поддршка од Владата на крајот на март требаше да стартува и летот Скопје Дубаи, но летот со Флајдубаи е одложен за наеесен. Олеснувањето на визниот режим што го најави Владата според раководството на ТАВ ќе донесе многу патници на најавената линија.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Aрбен Таравари ја напушта Владата, оди во опозиција

ПЕТРУШЕВСКИ: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам

КРИС ПАВЛОВСКИ: Не го организиравме патувањето на владината делегација за инаугурацијата на Трамп

(ВИДЕО) ВЕРБАЛНО ГО НАПАДНАА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: Тензичен протест во Тркање

ТУРЦИТЕ ВЕЌЕ НЕ СЕ НАЈЧЕСТИ ГОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кој им го зема приматот?

МИЦКОСКИ ЗБОРУВАШЕ ЗА НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ: Во 3 часот и 30 минути некој затропал на неговата врата

МВР ЗА ПРОТЕСТОТ НА НЕЗАВИСНИОТ СИНДИКАТ: Секој има право да протестира

ПОЛИЦИЈАТА НАЈАВИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: Човекот кој влечеше куче се извини и кажа што се случило
