19 Март, 2024
0.0311

Скопска фирма со еден вработен направи пола милион евра профит!

Објавено во: Економија 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

„Раде Кончар Апаратна техника“ регистрирана е како холдинг за управување. Има одличен поврат од вложувања на кој може позавидат и портфолио менаџери на инвестициски фондови. Од дивиденди и капитални добивки од продажба на хартии од вредност за девет месеци оствари приход повисок од половина милион евраВредноста на средствата со кои располага друштвото на крај на 2020 година изнесува околу 5,5 милиони евра

Акционерско друштво со само едно вработено лице за девет месеци годинава оствари нето добивка од работењето во износ од 476.000 евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех за првите девет месеци годинава достапни на информативниот сервис СЕИ НЕТ. Станува збор за скопската компанија „Раде Кончар – Апаратна техника“ холдинг чија основна дејност е наем на недвижен имот. Ова друштво , кое има петчлен Одбор на директори, за првите девет месеци одлично работи и заработило од дивиденди на свои акции, но и капитална добивка од продажба на хартии од вредност.

Во првите девет месеци оваа компанија има приход од продажба во износ од неполни 30.000 евра и тоа се средствата од наем. Но затоа од останатите оперативни приходи во кои влегуваат вложувањата во хартии од вредност и од нив добиените дивиденди или капитални добивки од продажба.

И така од своите акции и други хартии од вредност „Раде Кончар АТ“ има приливо од дивиденди и од капитални добивки во вкупна вредност од 538.000 евра.

Во овој период на расходната страна друштвото има вкупно околу 90.000 евра од кои за бруто плата на единственото вработено лице т.е. извршниот директор се издвоени 16.500 евра односно месечен бруто износ од 1.800 евра.

Официјалните податоци достапни на берзанскиот информативен систем покажуваат дека оваа компанија работи солидно, редовно дели дивиденда на своите акционери и дека заради тоа пазарната цена на акцијата е повисока од книговодствената вредност. Во последните три години оваа компанија дели дивидени кои се во вкупна вредност поголема од 400 денари. Последната пазарна цена на таа акција изнесува 2.000 денари, а последната бруто исплатена дивиденда е 120 денари.


Можеби ќе ве интересира

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Европската унија воведува царини за руското жито, цената ќе скокне најмалку за 50 отсто

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

Љупчо Николовски: 30 милиони евра од извоз на зелка

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

ДАВА СТРУЈА КОЛКУ ЕДЕН БЛОК НА РЕК БИТОЛА - се огласи ЕСМ за присоединувањето на ТЕЦ Неготино, велат дека е оправдано

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

Од што „Македонијатурист“ годинава ќе ги прави големите пари?

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

ЗЕЈТИНОТ НЕ ГИ „ПОДМАЧКА“ ПРИХОДИТЕ НА „ВИТАМИНКА“, НО ДОБИВКАТА Е ОДЛИЧНА - како прилепската фабрика лани го удвои својот профит

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

Железницата ги издаде складиштата за дизел во Лисиче

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

СЕ ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ, НО НЕ И ОД ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ – еве што покажуваат бројките на статистика

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ДОБРА ВЕСТ ЗА СИТЕ СО КРЕДИТИ: Се очекува намалување на каматите - издржете уште малку, еве кога ќе се случи тоа

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?

ИМА ДОГОВОР ЗА ДЕЛ ОД АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕДЛОГ: Дали Косово попушта за динарот?