25 Април, 2024
0.0272

Скопскиот аеродром доби две награди – за квалитет и за хигиенски услуги

Објавено во: Мои пари 01 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Меѓународниот аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, е награден од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ) со ASQ награда за квалитет на аеродромски услуги во категоријата – најдобар аеродром со 2 до 5 милиони патници годишно во Европа и во категоријата хигиенски мерки.

Ова е шести пат како меѓународниот аеродром Скопје се стекнува со наградата најдобар аеродром во неговата големина во Европа. ТАВ Македонија претходно ја доби ASQ-наградата за 2019, 2018, 2015, 2013 и 2012 година.

„Покрај сите оперативни предизвици со кои се соочувавме како резултат на пандемијата со ковид-19, сепак, успеавме да одржиме високо ниво на квалитет на нашите услуги и ASQ-наградата е доказ дека нашите патници ја препознаа нашата посветеност, фокусираност и напорна работа. Оваа ASQ-награда е особено важна, затоа што сега сме наградени не само како најдобар аеродром во регионот на Европа во нашата големина, туку и во новата категорија за најдобри хигиенски мерки во регионот Европа, како резултат на позитивните оценки на патниците во делот на дополнителните анкетни прашања поврзани со хигиенските мерки на аеродромите воведени во 2020 година од страна на AЦИ“, вели генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак.

Годинашните ASQ награди беа објавени денеска од страна на АЦИ чие седиште е во канадскиот град Монтреал.

Програмата за квалитет на аеродромските услуги е програма за мерење и одредување на искуствата на патниците на аеродромите. Таа го мери задоволството на патниците во заминување, преку 34 клучни индикатори за перформансот на аеродромските услуги. Повеќе од половина од патниците во светот минуваат низ ASQ-анкетните прашалници на аеродромите.

Од ТАВ Македонија информираат дека 2020 година ја завршиле со пад на патничкиот сообраќај за 71 процент. Минатата година, како што се наведува во соопштението, преку двата аеродрома во земјава биле превезени вкупно 782 876 патници, за разлика од 2019 година кога имало вкупно 2,7 милиони патници.

„Најголем предизвик за закрепнување на македонскиот патнички сообраќај се ограничувањата за патување за македонските граѓани воведени од земјите-членки на ЕУ/ Шенген зоната, каде што е концентриран над 77 отсто од воздушниот сообраќај“, велат од ТАВ Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка