Скоро пет часа им требаа на фудбалерите да стигнат на плоштадот во Загреб
Објавено во: Балкан 16 Јули, 2018
Хрватските фудбалери скоро 5 часа патуваа со автобус од аеродромот „Д-р Фрањо Туѓман“ до плоштадот Бан Јелачиќ каде има организиран дочек.
Загребскиот аеродром е одалечен од главниот плоштад 25 километри, но патувањето траеше со часови затоа што илјадници граѓани ги поздравуваа фудбалерите по улиците, а и неколку пати го застануваа автобусот.
Околу 350.000 граѓани излегоа во Загреб да ги пречекаат хрватските фудбалски репрезентативци кои се вратија дома со сребрен медал од Mундиалот во Москва.
На плоштадот фудбалерите стигнаа околу 20.45 часот, и беа пречекани со огномет, факели и извици „шампиони, шампиони“.
фото Индекс.хр