20 Април, 2024
0.0251

Скратено работно време и можни прекини на сервисите на Шпаркасе банка и Охридска банка

Објавено во: Финансии 14 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Поради финални технички подготовки и надградби неопходни за присоединувањето на Охридска банка кон Шпаркасе Банка, оттаму ги известуваат клиентите за работното време на експозитурите и прекини во дигиталните производи на Шпаркасе банката планирани за претстојниот викенд од 16.07.-19.07.2021 година

Еве ги сите детали за прекините:

Експозитури

·  На ден 16.07.2021 година (петок), експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија ќе работат со скратено работно време, од 08:00 до 12:00 часот.

·  17.07.2021 година (сабота) ќе биде неработен ден за експозитурите на Охридска банка и Шпаркасе Банка Македонија.

·  На ден 19.07.2021 година (понеделник), експозитурите на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија регуларно ќе започнат со работа од 08:00 до 16:00 часот.

·  Прва работна сабота на интегрираната Шпаркасе Банка Македонија ќе биде на 31.07.2021 година.

Картички, ПОС терминали, АТМ-и

·  Ќе функционираат непречено, во наведениот период; Краткотраен прекин не подолг од еден час се очекува само во работењето со картичките на ден 17.07.2021 (сабота), рано наутро, по полноќ од 02:00-03:00 часот.

Дигитални канали (Електронско банкарство, Мобилно банкарство, СМС известување)

·  На 16.07.2021 година (петок) во рамките на електронското и мобилното банкарство од 14:00 – 17:00 часот ќе биде достапен преглед на состојба на сметките, додека услугите на промет во земјата и странство ќе бидат во прекин. 

·  Целосен прекин кај овие апликации се очекува во период од 16.07.2021 година (петок), 17:00 часот и во текот на викендот, заклучно со 18.07.2021 година (недела).

·  Банката ќе даде дополнително известување кога повторно ќе бидат ставени сите апликации во функција.

Целниот датум на регистрација на присоединувањето во Централниот регистар е планиран за 16 јули 2021 година, а првиот работен ден како интегрирана банка е планиран за 19 јули 2021 година. Сепак, двата датуми се во голема мера зависни од одобрување од надлежните органи и институции и Банката не нуди никаква правна, материјална или кој било друг вид гаранција дека планираниот датум останува како датум на регистрација на присоединувањето и последователно датум на првиот работен ден на интегрираната банка. Банката дополнително и навремено ќе извести доколку се појави промена на наведениот целен датум на присоединување.

Сите подетални информации за можни прекини погледнете ги на https://bit.ly/3r9UvkH


Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин