Скринингот ќе го прават матичните стоматолози
Објавено во: Македонија 07 Мај, 2020
Центарот за Јавно здравје
Скопје и Институтот за јавно здравје го завршија планот за тоа како ќе се реализира
скринигот кој треба да почне од следната недела. Министерот за здравство, Венко
Филипче најави дека ќе се прават од 400 до 500 тестови согласно индикациите по критичните
групи на граѓани. Скринингот ќе се прави, како што и претходно најавивме, рече
Филипче, со PCR-тестови преку
матичните лекари, како и преку матичните стоматолози.
-По денешниот состанок на кој присуствуваше и претседателот на Стоматолошката комора, скриниг трестовите ќе се прават и преку матичните стоматолози, тоа е нивна сфера на работа и затоа тие ќе го вршат земањето на овие брисеви. Во првата фаза ќе бидат опфатени здравствените работници, вработените во градинките, вработените во домовите за стари лица. Веќе во втората фаза ќе бидат опфатени и припадниците на полицијата, возачите во ЈСП, таксистите, вработените во јавни служби, пациентите пред хоспитализација, пациентите кои што треба да примат биолошка терапија. Практично сите кај кои ни е важно да го оцениме ризикот и да идентификувамње асимптоматски носители, изјави министерот Филипче.