Скрипал и неговата ќерка во неволја, експерти стравуваат за загрозување на нивните ментални способности
Објавено во: Свет 23 Март, 2018
Откако беа отруени со нервен агенс, поранешниот руски шпион и неговата ќерка се во опасност. Нивните ментални капацитети би можеле да бидат загрозени.
Вчера ова го потврди британскиот судија Дејвид Вилијамс кој додаде дека сѐ уште не е познато дали тие ќе успеат целосно да закрепнат.
„Точниот ефект на изложеноста на агенсот на нивното долгорочно здравје останува непознат, иако медицинските тестови укажуваат дека менталните капацитети би можеле да бидат загрозени во засега неизвесен степен“, изјави Вилијамс, пренесуваат британските медиуми.
Тој им дал дозвола на адвокатите за анализа на крвта на Скрипал и неговата ќерка за да може инспекторите за хемиско оружје да ги изведат тестовите.
Неименуван консултант којшто го лекувал Скрипал открил дека тој и неговата ќерка не се во состојба да комуницираат и дека не е возможно да се процени кога или во која мерка ќе ги вратат менталните капацитети. Тој, меѓу другото изјавил дека нивното физичко здравје било стабилно.