25 Април, 2024
0.0279

СКТМ реагира: Не е точно дека српските туристички агенции се поевтини од македонските

Објавено во: Економија 20 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ) излезе со реакција дека, според нив, понудите на српските туристички агенции не се поевтини од оние на македонските кога станува збор за летувањата во Грција. „Фактор“ веќе објави дека со уплата во српските агенции може да се искористи два дена плус за истите пари, аргументирано од сведоштва на туристи, мислење на туристички агенции и споредба на понудите на интернет.

Не е точно дека туристичките аранжмани во Србија се поевтини од македонските. Цените варираат зависно од видот на сместувањето и дестинацијата, реагира Стопанската комора за туризам на Македонија (СКТМ). Според СКТМ, објавените информации во порталите се дадени произволно и не се поткрепени со конкретни факти или истражување.

– Голем дел од агенциите во Србија, покрај објавената цена на аранжманот во евра, наплаќаат и динарски износ по лице за извршената резервација. Ги советуваме македонските туристи, секогаш внимателно да ги прочитаат условите на понудите и туристичките програми, за детално да се информираат пред да донесат одлука за уплаќање аранжман, независно дали е во земјата или во странство, особено при он-лајн купувањето- наведува Комората.

СКТМ воедно укажува да не се генерализираат поединечни искуства зашто на тој начин македонските туристи се доведуваат во заблуда и се нанесува штета на домашните туроператори.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?