Слаб земјотрес почувствуван во Западна Македонија
Објавено во: Македонија 23 Август, 2019
Слаб земјотрес од 2.3 степени денеска е почувствуван во Западна Македонија.
Епицентарот на земјотресот бил на 10 км од Дебар, а потресот е регистриран на длабочина од 34 км.
Во регионот денеска земјотреси имаше во Албанија, Бугарија, Грција, БиХ.