29 Март, 2024
0.0273

СЛАБИ СЕ, НЕ МОЖАТ ДА ОДАТ И НЕМААТ ПАМТЕЊЕ - Во Европа никнуваат центри за рехабилитациа од корона

Објавено во: Свет 20 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

За поголемиот дел од Европа помина врвот на пандемијата на вирусот корона. Болниците веќе не се преплавени со акутни случаи, но сега има илјадници луѓе кои го имале Ковид-19“ - потврдено или не - и кои се далеку од целосно закрепнување, пишува српски Блиц.

Во Велика Британија, на интернет се појавуваат групи на луѓе наречени  „long Kovid“, а се составени од луѓе кои долго време страдале од последиците од злобната болест за која многу се уште не се знае. 

Велика Британија и Италија - двете европски нации кои беа најтешко погодени од пандемијата - сега почнаа да нудат услуги за рехабилитација на пациенти кои се опоравуваат од Ковид-19, пишува Си-Ен-Ен.

Овие центри ќе мора да имаат широк спектар на понуди, бидејќи истражувањата покажуваат дека корона вирусот е мултисистемска болест која може да ги оштети не само белите дробови, туку и црниот дроб, срцето, мозокот, нервниот систем, кожата и гастроинтестиналниот тракт.

Д-р Пјеро Клаварио, директор на пост-ковидскиот институт за рехабилитација во Џенова, вели дека неговиот тим веќе започнал да контактира со неколку стотици поранешни пациенти кои биле во болница во периодот во мај.

„Тука нема да има само граѓани кои биле на интензивна нега и цевки заради Ковид, туку и пациенти кои поминале три дена во болница, а потоа биле пуштени дома. Ги испитуваме аспектите што „бегаат“ на вообичаени виролошки и пулмонални прегледи“, вели Клаварио.

Тој изјави дека од 55 лица со кои неговиот тим досега контактирал, на осум од нив, повеќе не им е потребна поддршка и немаат компликации, додека 50 отсто од нив имаат психолошки проблеми и 15 проценти посттрауматско стресно нарушување. Секој пациент прво оди на проценка која вклучува повеќе тестови, спроведени од кардиолози, невролози, психолози и општа пракса.

„Она што најмногу ме изненадува е што дури и пациентите кои не биле на интензивна нега, се многу слаби. Нема докази за срцеви или пулмонални проблеми, но тие не можат да искаќат ни неколку скалила. Повеќето покажуваат знаци на сериозно ослабени мускули. 52-годишна медицинска сестра мораше да се врати на работа по закрепнувањето, но таа не можеше тоа да го стори физички“, рече Клаварио и додаде дека позитивно е што по еден период на вежбање во нивната теретана, повеќето пациенти ефикасно се опоравуваат.

Еден од нив е професионалниот возач Емилијано Пескароло (42), кој се заразил во март и бил во болница во Џенова 17 дена, пред да биде пуштен на 10 април. После три месеци, тој сè уште имал потешкотии во дишењето. Пескароло истакнува дека, откако бил ослободен од болницата, со недели не забележал напредок во неговото натамошно закрепнување и дека дури и кратка прошетка му се чинела како искачување на Монт Еверест, пренесува Танјуг.

Откако отишол таму во клиниката за рехабилитација, тој вели дека започнал да забележува напредок во неговата здравствена состојба. И покрај тоа, тој сè уште има потешкотии да се концентрира и е загрижен „особено за краткорочната меморија“.

„Само што заборавам на работите“, вели тој, додавајќи дека видел слични проблеми кај другите поранешни пациенти.

Пескароло ги охрабри другите пациенти да не губат надеж за враќање во нормален живот.

„Се потребни четири до шест месеци рехабилитација, во случај како мојот. Можеби ќе потрае повеќе време за луѓето кои имаат повеќе проблеми, но тие не треба да се откажат“, рече тој.

Во Велика Британија, во меѓувреме, повеќе од 8.500 луѓе се приклучија на групата за поддршка на Лонг Ковид на Фејсбук, откако беше лансирана од поранешни пациенти во мај, повикувајќи на рехабилитација и истражување. Друга група, LongKovidSOS, исто така се залага за владата да ја признае потребата за „долгорочно“ закрепнување и да се обезбеди работодавците да не прават дискриминација кон поранешните пациенти.

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест