29 Март, 2024
0.0258

Слаѓана Тасева: Нов лидер на СЈО со интегритет и без импровизации

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

СЈО може да го врати својот кредибилитет, но само ако нема повторно импровиозации со поставувањето на неговиот иден лидер, смета Слаѓана Тасева, претседателката на Транспарентност Нулта корупција, по вчерашната компромитација на ова обвинителство со отворањето на случајот „Рекет“ и апсењето на Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

- Потребен е докажан професионалец без законски ограничувања од каде доаѓа, а најважно од се е тој да има личен интегритет и дома и надвор. Лидерството не смее да биде одредено од политичките партии со импровизации во законот и самото назначување како пред четири години. Овој пат нема простор за експериментирање и би додала дека треба постојано на новиот специјален обвинител да му се прават тестови за интегритет, какви што постојат - вели Тасева.

Смета дека вчерашната акција на Јавното обвинителство и последниот развој на настаните нема да го минираат понатамошното постоиење на СЈО, чиј мандат истекува на 15 септември.

- Единствено прашање останува тоа како сега ќе се гледа на останатите предмети и кои и дали има меѓу истите и други што се компромитирани. Но, овој случај секако дека не треба да биде алиби за непродолжување на неговата работа, бидејќи СЈО има воспоставен функционален капацитет кои само треба да работи под нови правила, смета професорката по кривично право..

Тврди дека, иако мошне разнишано, ова обвинителство може повторно да ја врати довербата во јавноста.

- Довербата тешко се стекнува, а многу лесно може да падне. Но ние веќе видовме дека Државната комисија за спречување на корупцијата повторно го врати високиот рејтинг во јавноста. Единствено што е потребно, повторувам, е да нема импровизации - додава антикорупционерката.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење