СЛАТКО ОД ДУЊИ, КАФЕ И ЧАШКА РАКИЈА-РЕЦЕПТ ЗА СИЛЕН ИМУНИТЕТ: Пулмологот Несторовиќ со совет во негов стил
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2021
Говорејќи за
актуелната ситуација со коронавирусот, како гостин во утринска ТВ -емисија, српскиот пулмогог д -р
Несторовиќ, покрај коментар за вакцините, даде и негова препорака за јакнење на
имунитетот.
-За имунитет, најдобри е слатко од дуњи, кафе и ракија, тоа е мојот рецепт. Пијам по една чашка ракија секое утро после кафето, рече д -р Несторовиќ, во негов шеговит стил.
Несторовиќ вели дека најголем број пациенти заразени со ковид починале од згрутчување на крвта, иако не е јасно како вирусот го предизвикува тоа.
- Многу малку обдукции досега се правени, но неколку од нив покажуваат дека најголем број пациенти починале од згрутчување на крвта, а не е јасно како вирусот предизвикува згрутчување на крвта. Сепак, аспиринот е за превенција, повозрасните треба да го пијат, вели д-р Несторовиќ.