Славчо Попоски најави каде викендов ќе има врнежи и грмежи
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2018
Meтеорологот Славчо Попоски вели дека за време на овој викенд како и во текот на следната недела и понатаму нашата држава ќе биде под влијание на стабилна, суво и топла воздушна маса од југ која ќе условува сончево и натпросечно топло време за овој дел од годината.
Ќе продолжи да дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.
„Времето ќе биде сончево повремено со умерена локална облачност, а овој викенд само на планинските места и тоа на запад има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд и ретки грмежи“ - вели Попоски.
Ув индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент некаде околу 6.
Наутро станува посвежо и ќе има минимални температури на воздухот кои се спуштат во интервалот од 8 до 15, 16 степени.