27 Септември, 2024
0.0264

СЛАВЧО ПОПОСКИ: ВРЕМЕТО Е БОЛЕСТ – ПО НАГЛОТО ЗАЛАДУВАЊЕ, СЛЕДУВА НАГЛО И ГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ

Објавено во: Македонија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски вели дека по најавеното нагло и големо заладување на времето кое ќе услови локално провејување на снег и во некои пониски места на север и запад од Македонија, но и силен северен ветер со брзина од над 70 км/час, за време на викендот кој ни доаѓа, но и во првите денови од следната седмица ќе имаме нагло и големо покачување на максималните дневни температури на воздухот.

Веќе од викендот максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, додека во текот на следната седмица во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат и до 22 степени.

„Овие нагли и големи промени во температурите многу лошо ќе влијаат особено врз метеопатите, па така во следниот период тие ќе чувствуваат значителни здравствени проблеми (проблеми со притисокот, повремена главоболка, нервоза но и поспаност, а кај некои и несоница). Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да се обратат кај својот матичен лекар за совет, но и редовно да ја пијат препишаната терапија од истиот“, вели Попоски. 

Инаку со овој бран на студ и влажен бран на повисоките места и на планините ќе се формира нова снежна покривка (на повисоките планини и до околу 20 цм нов снег, додека на местата со надморска височина до околу 1.000 метри до околу 10 цм снег, ова особено важи за западните предели од Македонија каде врнежите се најинтензивни).

Од петок во Македонија следува период на стабилно, суво и претежно сончево време. Ветерот од северен правец кој ќе го имаме во Македонија, од петок значително ќе ја намали својата брзина.

foto freepik.com/chainfoto24

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

(ВИДЕО) Силјановска Давкова употреби „Северна Македонија“ во говорот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

Возач загина во скопската населба Даме Груев откако излета од патот

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

ОСУДЕНИЦИ СЛОБОДНО СЕ ШЕТАЛЕ ПО НАРЕДБА НА ДИРЕКТОРОТ - кривична пријава за злоупотреба на службена должност

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

СО ЦИТАТ ОД МАРГАРЕТ ТАЧЕР И СО СРДЕЧНИ ПРЕГРАТКИ СО ВРАБОТЕНИТЕ - Марија Бошковска си замина од директорската позиција во ЦР

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

„СЕРИОЗЕН ЗДРАВСТВЕН РИЗИК“: предупредување до жителите на Гостивар, откриени се бактерии во јавниот водовод

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

МАКЕДОНЦИТЕ ГО МИСЛАТ ИСТОТО ШТО И ПРЕМИЕРОТ, ВЛАДАТА ЌЕ ЗАЧУВА ОБРАЗ И НЕМА ДА ВИТКА КИЧМА: Адвокатот Митровски со став околу понижувачкта политика од Бугарија

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

ЕВЕ ШТО ЌЕ ПРАВИ ОРБАН ДЕНЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Прво ќе има средба со Мицкоски во „Инекс Олгица“

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници

БУГАРИЈА ЕМ ЛУТА, ЕМ САКА ДА СЛАВИ ПРАЗНИЦИ СО НАС: Изгласана декларација со која бара заедничко чествување на празници