СЛАВЕЈЌИ ГО ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ, СЕ ВОЗЕА НА КРОВ ПА ИСПОПАЃАА СРЕДЕ УЛИЦА: Дали прославата ги премина границите?
Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2024
Пукање со огнено оружје, со непријавени огномети, возење и лудување по улиците, се само дел од инцидентите кои го одбележаа прославувањето на Денот на албанското знаме во земјава.
Последно во низата видеа што се објавуваат на социјалните мрежи е видео на кое се гледа група млади како веејќи го албанското знаме се возат на џип качени на кровот на возилото. Во еден момент, возачот вртејќи го возилото, неговите сопатници качени на кровот паднаа на самата улица.
Граѓаните со реакција, велат дека додека тие го почитуваат законот, други дивеат на улиците.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.