09 Август, 2020
0.0492

СЛАВЕСКИ ОД ОХРИД ЈА ОБЈАСНИ ОБНОВАТА - невработеноста ќе ја симнеме под 10 отсто

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020

При крајот на кампањата на предвремените парламентарни избори во земјава, професор Трајко Славески, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, укажува на клучните поенти од програмата „За Обнова“ на проектот „За Обнова“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој документ, вели, кој беше презентиран во изминатите 17- 18 дена далеку ги надминува рамките и границите на една предизборна програма на една политичка партија. Тој е убеден дека надлежни институции, научници и други, ќе заклучат дека подготвиле документ кој што  е среднорочна  стратегија  за развој на земјава.

Ние нудиме нов развоен модел кој што ќе овозможи раст на нашата економија врз стабилна основа од 4 до 5 отсто во наредниот 4 годишен период.

Се обврзуваме невработеноста да ја намалиме на под 10 отсто на реална основа.

Понатаму, ќе обезбедиме и раст на платите и во приватниот и во јавниот сектор од просечно 25 отсто.

Пензиите ќе растат во согласност со порастот на платите и порастот на трошоците за живот и секако ќе бидат во корист на пензионерите.

Оваа економска програма, економскиот дел на програмата на ВМРО-ДПМНЕ се темели на 3 клучни столбови. Имено како што кажав ние нудиме нов развоен модел кој ќе испорача висок и стабилен раст на македонската економија кој што ќе биде во корист на сите граѓани на Република Македонија.

Првиот столб е креирање на услови за подобра бизнис клима. Имено ова ќе го постигнеме со јакнење на капацитетите на државата пред се преку бескомпромисна борба против корупцијата и сивата економија.

Имено, во недостаток на идеи и можност за критика нашиот политички опонент СДСМ во изминатиот период упатуваше на тоа дека наводно нашата програма Обнова на Македонија потсетувала на преродбата во 100 чекори со која што сериозно го поразивме СДСМ на парламентарните избори во 2006 година. Тоа не е точно, ако во нешто потсетува оваа програма е на тогаш даденото ветување кое што го исполнивме дека според индексот за перцепција на корупцијата која што е светски показател за нивото на корупција на една земја ќе ја намалиме корупцијата во Република Македонија така што од последната третина каде што сега се наоѓаме на срамното 106 место ќе ја поместиме Република Македонија со мерки за спречување на корупцијата во првата половина од рангираните земји.

Понатаму предвидуваме во рамките на овој прв столб на економската програма дигитална трансформација и професионализација на јавната администрација зајакнување на јавните финансии со преструкурирање на буџетот каде што ќе се зголеми значително не само планирањето не само извршувањето туку и реализацијата на капиталните инвестиции кои што се покажаа како што видовме многу слаба точка во досегашното владеење на СДСМ.

Вториот столб на економската програма е развој и јакнење на конкурентен приватен сектор. Најголемиот дел од македонските граѓани нивната егзистенција ја остваруваат во приватниот сектор и ние во тој нов развоен модел се обврзуваме да подготвиме и спроведеме модерна извозно ориентирана индустрализација во Република Македонија.

И третиот столб е градење на интегриран национален иновациски систем и поддршка на ИКТ секторот. Ова се однесува на територијата на цела Република Македонија.

Овие наши ветувања се базирани на јасна и прецизна методологија со конкретни проекти кои се временски, буџетски димензионирани. Ова е гаранција дека тие ветувања се реални и ќе бидат реализирани во наредните четири години, за разлика од ова програмата на СДСМ  како што реков нема ниту буџетирање, ниту рокови, само еден список на желби“, нагласи професорот Славески.

Можеби ќе ве интересира

Водич за справување со невролошки заболувања во време на ковид

Водич за справување со невролошки заболувања во време на ковид

КОСТА КОСТАДИНОВ ОД СДСМ МУ ВРАТИ НА АПАСИЕВ - вели дека е фашист и да ги врати нароните пари од СЈО

КОСТА КОСТАДИНОВ ОД СДСМ МУ ВРАТИ НА АПАСИЕВ - вели дека е фашист и да ги врати нароните пари од СЈО

КОЈ СЕ ВОЗБУДИ ОД НАЈАВИТЕ ЗА КРАТЕЊЕ НА 20 ОТСТО - КСС бара да престанат заканите кон администрацијата

КОЈ СЕ ВОЗБУДИ ОД НАЈАВИТЕ ЗА КРАТЕЊЕ НА 20 ОТСТО - КСС бара да престанат заканите кон администрацијата

ТАРАВАРИ ГО КАЖА УСЛОВОТ - во влада со ДУИ ако Зибери е премиер

ТАРАВАРИ ГО КАЖА УСЛОВОТ - во влада со ДУИ ако Зибери е премиер

ГИ ПРЕМИНУВА ЛИ ГРАНИЦИТЕ НА ПОЛИТИЧКА ПРИСТОЈНОСТ - еве што напиша пратеникот, професорот и лидерот Апасиев

ГИ ПРЕМИНУВА ЛИ ГРАНИЦИТЕ НА ПОЛИТИЧКА ПРИСТОЈНОСТ - еве што напиша пратеникот, професорот и лидерот Апасиев

СЕ СПОИЈА НЕБО И ЗЕМЈА - силен дожд во главниот град

СЕ СПОИЈА НЕБО И ЗЕМЈА - силен дожд во главниот град

ЗОШТО САМО 15 ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД - претходните денови имаше многу повќе

ЗОШТО САМО 15 ОЗДРАВЕНИ ОД КОВИД - претходните денови имаше многу повќе

КОГА ЛУМПУВАТЕ СО СТОЛИЦИ У ВИС, ПОМИСЛЕТЕ НА 523 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ - Јанкуловски од Центарот за јавно здравје

КОГА ЛУМПУВАТЕ СО СТОЛИЦИ У ВИС, ПОМИСЛЕТЕ НА 523 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ - Јанкуловски од Центарот за јавно здравје

ИМА ПАРИ ЗА УШТЕ 3.000 СУБВЕНЦИИ - Град Скопје потсетува на инверторите

ИМА ПАРИ ЗА УШТЕ 3.000 СУБВЕНЦИИ - Град Скопје потсетува на инверторите