Славјанка Петровска: Постапка за одговорност кај грубите полицајци
Објавено во: Македонија 29 Март, 2020
Славјанка Петровска, заменик-министерката за внатрешни работи, објави дека е започната постапка за евентуално сносење на одговорност кај некои полицајци од кои граѓаните на социјалните мрежи имале поплаки дека се однесувале грубо за време на превозот на македонските граѓани како повратници од странство од скопскиот аеродром до државните карантини.
„Почитувани граѓани со внимание ги следев реакциите на социјалните мрежи поврзани со начинот на извршување на задачите на полициските службеници ангажирани при обезбедување на превозот на македонските граѓани до објектите кои се одредени за карантин. Ве информирам дека во Министерството за внатрешни работи отпочната е постапка за утврдување на одговорност за начинот на кој полицијата постапила. За да воспоставиме ред, прво мора да го имаме во сопствените редови и затоа нема да толерирам непрофесионално и своеволно однесување“, објави Петровска на ФЕјсбук.
Владата во актуелниот период организира хуманитарни летови за враќање на македонските државјани од земји како Малта, Хрватска, Германија, поради затворањето на границите.