СЛАВНАТА АМАНПУР НЕ ГО ДОБИ ДОГОВОРЕНОТО ИНТЕРВЈУ СО ИРАНСКИОТ ЛИДЕР: „Нема шамија, нема интервју“
Објавено во: Свет 22 Септември, 2022
Светски познатата
новинарка на американската мрежа Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур денеска на својот
Твитер профил напиша дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси одбил да и даде
интервју бидејќи не сакала да носи шамија за време на разговорот.
„Планирав да разговарам со Раиси за различни теми, особено по протестите во Техеран поради смртта на младата Иранка Маша Амини. Тоа требаше да биде прво интервју на Раиси на американско тло по посетата на Њујорк и Генералното собрание на ОН“, напиша Аманпур на Твитер.
Таа додаде дека по неколку недели планирање и осум часа поставување техничка опрема, Раиси едноставно не се појавил.
„По 40 минути доцнење се појави неговиот помошник и рече дека претседателот рекол дека треба да носам шамија, бидејќи моментално се светите месеци Муарем и Сафар. Јас учтиво го одбив тоа барање. Ние сме во Њујорк, каде што нема закон или традиција да се носат шамии. Потсетив дека ниту еден претходен ирански претседател не ме замолил да носам марама кога правев интервју надвор од Иран“, објасни Аманпур.
Таа истакнува дека асистентот јасно и кажал дека нема да има интервју доколку не носи марама.
Неговиот помошник рече дека тоа е „прашање на почит“ и се осврна на ситуацијата во Иран, алудирајќи на протестите што ја зафатија земјата. Повторно реков дека не можам да се согласам со оваа неочекувана и невидена состојба. После тоа заминавме, немаше интервју“, додаде Аманпур.
ФОТО: EPA/HAYOUNG JEON