20 Април, 2024
0.0303

Следи ја својата пензиска заштеда и информирај се дали твојот работодавач редовно ги уплаќа твоите придонеси за пензиско и инвалидско осигурување

Објавено во: Мои пари 19 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Доколку си член на вториот и третиот пензиски столб, твоето пензиско друштвото е должно еднаш годишно (најдоцна до 31.03. за состојба на 31.12. претходна година) да ти достави извештај за состојбата на средствата на твојата индивидуалната сметка на адресата на живеење (во зелен плик) или на твојата електронска адреса.

Во овој годишен извештај има два вида на информации:

*  Информации за состојбата на средствата на индивидуалната сметка за пензиска заштеда

*  Информации за инвестирањето на средствата на пензискиот фонд, детален податок за наплатените надоместоци и остварените приноси на пензискиот фонд.

Исто така, твоето пензиско друштво заради поголема транспарентност ти овозможува да избереш полесен и побрз начин за подетален увид на средствата на твојата индивидуална сметка во секое време, преку интернет страницата на пензиското друштво. 

Следи ги информациите на твојот профил на интернет страните на пензиските друштва и постојано биди информиран за своите средства.

Следејќи ја тековно твојата индивидуална сметка, ќе добиеш информација за износот на придонесите што биле уплатени во текот на изминатата година, а датумот на уплата со што точно ќе знаеш и дали твојот работодавач навремено ги уплаќа придонесите за пензиско и инвалидско осигурување.

Многу важно е да знаеш дека за евиденција на средствата на твојата индивидуална сметка се користат сметководствени единици. Сметководствена единица претставува пропорционален дел во вкупните нето средства на пензискиот фонд. Оваа вредност се пресметува секојдневно и зависи од движењата на цените на инструментите во кои се инвестирани средствата на твојот пензиски фонд. Сите уплати по основ на придонес се претвораат во сметководствени единици на тој начин што уплатениот износ на придонес најпрво се намалува за надоместокот од придонес што го наплатува пензиското друштво, а потоа таа вредност се дели со вредноста на сметководствената единица на датумот на уплата. 

На пример, доколку уплата на придонес за тебе како член во пензискиот фонд, намалена за надоместокот од придонес, изнесува 1.000 денари, а вредноста на сметководствената единица на датумот на уплата е 100 денари, тогаш уплатата се конвертира во 10 (1.000/100) нови сметководствени единици. Односно, ти како член стекнуваш 10 сметководствени единици и за толку се зголемува бројот на твоите сметководствени единици но и вкупниот број на единици на фондот.

Во извештајот за пензиска заштеда има и сликовит графичкиот приказ од каде може да видиш за колку пораснале твоите средства за пензиска заштеда во текот на годината.

Повеќе информации на www.penzija.mk и www.mapas.mk

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!