28 Март, 2024
0.0282

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ ПОЧНЕ ВАКЦИНИРАЊЕТО СО РУСКАТА ВАКЦИНА - министерот Филипче оптимист

Објавено во: Македонија 06 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Во вчерашното гостување на Сител ТВ во Дневникот, министерот за здравство Венко Филипче најави дека во недела се очекува да пристигнат првите количини од вакцината Спутник Б. Оваа вакцина се чува на температура од -18 до -20 степени, за што нашиот здравствен систем е веќе подготвен.

„Најавата е дека ќе стигнат во недела со специјален транспорт преку компанијата DHL со соодветно пакување, ладен ланец со запазување на тие температури. Ова е вакцина која за разлика од Фајзеровата се чува на температура на -18 до -20 степени за што нашата структура е спремна. После преземањето, ќе се смести во нашите фрижидери, ќе се организира процесот на имунизација во пунктовите во Здравствениот дом во Скопје. Соодветната административна постапка што се однесува до увозните дозволи и дозволите коишто треба да се добијат од страна на агенцијата Малмед за коишто треба да се пушти таа серија во промет веќе денеска започнаа заради тоа што дел од документите добивме, така да очекувам дека еве доколку стигне во недела какви што се најавите многу рано еве во текот на почетокот на следната недела да почне вакцинацијата и со вакцината Спутник Б“, изјави министерот Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче ја најави динамиката на пристигнување на вакцината Спутник Б во нашата држава. За почеток вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде наменета за 3.000 граѓани, по што се очекува да пристигнат дополнителните дози за ревакцинација.

„Овој момент меѓу другото исто како и на почетокот разговаравме за тоа како понатаму ќе оди испораката, ова е вакцина којашто ќе биде наменета за 3000 граѓани, заради тоа што првата вакцина и ревакцина се практично со различен вектор, зема обврска компанијата да за најмногу 3 недели односно нешто порано за да може да се организира и процесот на ревакцинација, стигнат и дополнителните 3.000 од ревакцините, а се разбира во меѓувреме чекаме информации за останатата динамика“, кажа министерот Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити