17 Август, 2022
0.0262

СЛИЧНО КАКО ХИТЛЕР, ЕУ И НАТО ПРАВАТ КОАЛИЦИЈА ЗА ВОЈНА СО РУСИЈА: Лавров ги коментира последните одлуки

Објавено во: Свет 24 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Европската унија (ЕУ) и НАТО составуваат коалиција за војна со Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ја одлуката на Украина и на Молдавија да им се даде кандидатски статус за ЕУ.

Говорејќи на прес-конференција во Баку по средбата со неговиот азербејџански колега, Лавров рече дека ситуацијата потсетува на ситуацијата пред Втората светска војна „кога Хитлер ги обедини повеќето европски земји за војна против Советскиот Сојуз“, пишува Анадолија.

„Кога започна Втората светска војна, Хитлер ги собра повеќето европски земји под своето знаме. Сега и ЕУ и НАТО ја составуваат истата модерна коалиција за да се борат, а најмногу за војна со Руската Федерација. Сето тоа внимателно ќе го разгледаме“, рече Лавров.

Тој ја најави втората билатерална средба за демаркацијата меѓу Ерменија и Азербејџан, која ќе се одржи во Москва. Тој посочи дека двете страни ја потврдиле подготвеноста да работат на тоа прашање, сметајќи дека е многу важно за сегашната фаза од решавањето.

Лавров ја повтори подготвеноста на Русија да придонесе за потпишување мировен договор меѓу Баку и Ереван и ја поддржа идејата за соработка 3 + 3 во Јужен Кавказ, кој ги вклучува Ерменија, Азербејџан и Грузија и нивните три соседи - Русија, Турција и Иран. .

Запрашан за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија за членство во ЕУ, Лавров рече дека за разлика од НАТО, ЕУ не е воена организација и затоа членството во таа структура не претставува закана за Русија. Тој посочи дека Москва ги следи чекорите на ЕУ и дека се сомнева дека „русофобната политика“ на блокот наскоро ќе заврши.

ФОТО: EPA

Можеби ќе ве интересира

„БОРЦИТЕ НА АЗОВ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБЕСЕНИ-ЗАСЛУЖУВААТ ПОНИЖУВАЧКА СМРТ“: Која е вистината за нападот на затворот во Оленивка

„БОРЦИТЕ НА АЗОВ ТРЕБА ДА БИДАТ ОБЕСЕНИ-ЗАСЛУЖУВААТ ПОНИЖУВАЧКА СМРТ“: Која е вистината за нападот на затворот во Оленивка

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО - 10,1 ОТСТО, поттикната од зголемените цени на храната и горивата

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО - 10,1 ОТСТО, поттикната од зголемените цени на храната и горивата

ШУМСКИ ПОЖАР ВО ШПАНИЈА ЗАФАТИ ВОЗ: Луѓе скокнаа од вагонот, повеќе од 20 патници се повредени

ШУМСКИ ПОЖАР ВО ШПАНИЈА ЗАФАТИ ВОЗ: Луѓе скокнаа од вагонот, повеќе од 20 патници се повредени

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

Северна Кореја лансираше две крстосувачки ракети

ГОЛЕМ ИНСАЈДЕРСКИ ИЗВЕШТАЈ: САД СО МЕСЕЦИ ЗНАЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ВОЈНА - Зеленски не верувал

ГОЛЕМ ИНСАЈДЕРСКИ ИЗВЕШТАЈ: САД СО МЕСЕЦИ ЗНАЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОДГОТВУВА ВОЈНА - Зеленски не верувал

Maкрон упати порака до руските сили во Украина

Maкрон упати порака до руските сили во Украина

ЗАПАДОТ ГО ЧЕКА ПОРАЗОТ НА УКРАИНА: Кулеба призна дека неговото семејство ја напуштило земјата

ЗАПАДОТ ГО ЧЕКА ПОРАЗОТ НА УКРАИНА: Кулеба призна дека неговото семејство ја напуштило земјата

Кој му работи зад грб на Путин и пренесува информации на западните разузнавачи?

Кој му работи зад грб на Путин и пренесува информации на западните разузнавачи?

ДАЛИ Е ОВА ИЗЈАВАТА ШТО СИТЕ ЈА ОЧЕКУВАА? ШОЈГУ: Русија нема потреба да користи нуклеарно оружје

ДАЛИ Е ОВА ИЗЈАВАТА ШТО СИТЕ ЈА ОЧЕКУВАА? ШОЈГУ: Русија нема потреба да користи нуклеарно оружје